Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Економија

Дополнителен час во евтина тарифа нема да има до Нова Година

Дополнителен час на евтина дневна тарифа на струјата граѓаните нема да добијат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дополнителен час на евтина дневна тарифа на струјата граѓаните нема да добијат до Нова Година – вели првиот човек на Регулаторната Комисија за енергетика, Марко Бислимовски. Цените на берзите во тој период биле најниски на светските берзи под 50 евра за мегаватчас, но проблемот биле превисоките цени навечер. Тоа значи дека за да се воведе евтина тарифа од пладне до 16 часот, ќе требало да се укинaт два часа од 22 часот до полноќи да остане евтината тарифа само во периодот од полноќ до 7 часот наутро. Со оглед на тоа што населението интензивно го користи овој период за вклучување на апаратите, ваквиот потег би наишол на револт кај граѓаните – велат од Регулаторна.

Ова не значело дека Регулаторната комисија се откажува од воведување на еден дополнителен час евтина дневна тарифа, но за тоа требало да се создадат услови – вели Бислимовски. Генерално, државните електрани и ЕВН Хоум биле за оваа мерка. Сепак, се очекувале зголемени цени на струјата на светските берзи од јануари, па ситуацијата дополнително ќе се следи за да не се наруши финансиската состојба на ЕСМ. Во меѓувреме, Регулаторната комисија за енергетика добила одговор од Европската енергетска заедница за превисоките цени на струјата во овој дел од Европа. Бислимовски се сомнева во образложението дека граѓаните од Балканот плаќаат повиски цени само поради зголемените температури и лошите интерконекторски врски со соседите.

До Регулаторна не стигнале многу поплаки околу стартот на грејната сезона во Скопје. На жалбите на граѓаните зошто во училиштата во скопски Карпош нема греење, тој вели дека тоа е одлука на самите потрошувачи. Со оглед на повисоките температури во овој период, Бислимовски не смета дека е проблем ако градоначалникот на Карпош одлучил грејната сезона да стартува од први ноември. Токму за училиштата и градинките во февруари годинава се намали цената за 35%, како и за дополнителни  20-ина проценти во јули. Инаку, цената на парното ќе остане стабилна до следното лето, освен ако не се случи драматична промена на цената кај природниот гас, вели Бислимовски.