Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Донесен нов Правилник за остварување на правото на надоместок за помош и нега од друго лице

– Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани донесе нов…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани донесе нов Правилник за остварување на правото на надоместок за помош и нега од друго лице, со кој се прави значаен чекор кон поедноставување и забрзување на постапките за граѓаните, информираат од Министерството.

Со Правилникот подетално се уредуваат постапката за поднесување барање, потребната документација, начинот на работа на стручните комисии и второстепената комисија, како и издавањето и евиденцијата на наодите, оцените и мислењата.

– Клучната новина е што кон барањето ќе се доставува наод, оцена и мислење за потребата од помош и нега од друго лице, изготвено од стручна комисија. Оваа промена носи двојна придобивка: за стручните служби – појасна и поефикасна процедура; за корисниците – поедноставена постапка и побрз процес за стекнување на правото на надоместок, се вели во соопштението.

Реклама

Оттаму велат дека продолжуваат со политики што значат поедноставни процедури, побрзи услуги и поголема поддршка за граѓаните на кои таа им е најпотребна.