Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Домот за стари лица „Зафир Сајто“ Куманово одбележа седумдесет години постоење

Јавната општинска установа „Зафир Сајто“ денеска одбележува седумдесет години од постоењето. Установата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавната општинска установа „Зафир Сајто“ денеска одбележува седумдесет години од постоењето. Установата е една од најзначајните во државата и пружа институционален облик за грижа на старите лица. Корисниците во Домот, поранешните вработени ја проследија манифестацијата во чест на јубилејот на која учествуваа и најмладите од основните училишта и од различни културноуметнички друштва.

-Основан во 1956 година, домот „Зафир Сајто“ денес функционира како една од најзначајните установи од ваков тип во државата. Институцијата континуирано работи со максимален капацитет. Овој факт не е само показател за довербата во институцијата, туку и индикатор за поширок демографски и социјален тренд, стареење на населението и зголемена потреба од институционална грижа-изјави директорот на установата, Дејан Стојановски.

Во последните години, според Стојановски, во установата се вложени значителни средства, за реконструкција на соби, модернизација на кујната, отворање нова амбуланта, физиотерапија и подобрување на надворешната инфраструктура. Домот располага со околу 175 сместувачки места, кои се постојано пополнети. Барањата, според надлежните, не доаѓаат само од Куманово, туку од целата држава.

Реклама

Претседателката на Советот, Ивана Ѓорѓиевска го честиташе јубилејот и укажува дека миграцијата на младите и сè поголемиот број стари лица кои остануваат сами создаваат дополнителен притисок врз ваквите институции.

-Во такви услови, домот не е само социјална услуга, туку неопходна инфраструктура. Општина Куманово преку различни програми и отворени повици апелира до здруженијата да понудат помош и поддршка за нашите стари сограѓани, преку проекти за набавка на лекови, намирници и слично-изјави Ѓорѓиевска.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски смета дека Домот е еден од најдобрите во државата, поради сè поголемата заинтересираност на старите лица за сместување во установата од секаде во државата.

-Човекот природно тежнее кон заедница, но реалноста покажува дека многу стари лица остануваат сами. Во такви услови, домовите стануваат не само потреба, туку и последна сигурност-кажа Димитриевски.

Тој додаде дека домот остварува покрај позитивните финансиски резултати што се должи на доброто менаџирање и ја издвојува установата. Објектот на Домот е со вкупна површина од над 3,3 илјади метри квадратни и дворна површина од над 6,5 метри квадратни.