Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

Документарниот филм „Македонското малцинство во Пустец, наследство од генерација на генерација“ прикажан на ТВ Корча

Телевизија Корча го емитуваше документарниот филм „Македонското малцинство во Пустец, наследство од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Телевизија Корча го емитуваше документарниот филм „Македонското малцинство во Пустец, наследство од генерација на генерација“, посветен на традициите, културата и обичаите на Македонците во областа Општина Пустец, Мала Преспа. 
 
-Филмот претставува сведоштво за богатото културно и духовно наследство на македонската заедница во овој регион, прикажувајќи го животот на локалното население, нивните вековни традиции, народни носии, песни, обичаи и семејни вредности кои се пренесуваат од генерација на генерација, објави весникот „Македониум”. 
 
Преку сведоштва на жители од Мала Преспа, како и преку автентични кадри од селата во Општина Пустец, документарецот ја истакнува важноста од зачувување на македонскиот јазик, културниот идентитет и традиционалниот начин на живот на Македонците во Албанија. 
 
Документарниот филм „Македонското малцинство во Пустец, наследство од генерација на генерација“ е реализиран од Центарот КАЗУС, со поддршка на Агенцијата за поддршка на граѓанското општество, како дел од напорите за промоција и зачувување на културното наследство на македонската заедница во Албанија.