Реклама

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

Македонија

Доктор Лазов: Неспособноста на Филипче и Спасовски се плаќа со животите и здравјето на граѓаните

Доктор Лазов од ВМРО-ДПМНЕ во денешната прес конференција одржана пред седиштето на…

Сподели:

Доктор Лазов од ВМРО-ДПМНЕ во денешната прес конференција одржана пред седиштето на најголемата опозициска партија потенцираше дека во Македонија се постигнува нов рекорд на заболени од коронавирусот и дека Неспособноста на Филипче и Спасовски да се справат со пандемијата се плаќа со здравјето на граѓаните.

 

Во продолжение интегрален текст од целата прес конференција на д-р Лазов.

 

Реклама

Во Македонија се постигна нов рекорд на на новозаболени лица од КОВИД-19 во едно деноноќие. И повторно има починати и тоа 8 лица.
Филипче наместо политичка кампања работа му е да спасува животи. Имаме нов пораз и огромен број на новозаразени.
Мислите на Филипче и Спасовски им се во политика и тендери, а не заштита на здравјето и животите на граѓаните.
Вкупната бројка на заболени е поголема од 9 илјади лица, а бројката починати се ближи кон 500 лица.

Македонија повторно се врати на врвот на листите, но на врвот на листите каде има најмногу заразени на милион жители, најмногу починати на милион жители.
На црната статистика не потсетија вчера и регионалните медиуми.
И што јавија? Најмногу заразени лица на милион жители има Македонија или повеќе од 4 илјади лица. На второ место е Косово со 3.010 заразени на милиони жители, а Србија со 2.776. Словенија со 903 на милион жители и Хрватска 963 со најмалку заразени во однос на бројот на жители.
Македонија води во уште една црна статистика, а таа е за бројот на починати на милиони жители. Досега во земјава починале 189 луѓе на милион жители. Хрватска има најмал број на смртни случаи на милиони жители, 29.

Ако вака се движат бројките среде јули, што да очекуваме есента.
Има ли одговори од Филипче и Спасовски како и што понатаму, освен флоскулите „се е под контрола“, „се подготвуваме“…?
Неспособноста на Филипче и Спасовски за справување со корона кризата излезе на виделина како никогаш до сега. Заборавија на здравјето на граѓаните.