Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Доколку изборите се одржат на 8 мај, техничката влада и првиот премиер Албанец би стапиле на должноста на 29 јануари

Техничкиот премиер, кој ќе биде од редовите на ДУИ најверојатно ќе седне…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Техничкиот премиер, кој ќе биде од редовите на ДУИ најверојатно ќе седне во фотељата на Димитар Ковачевски на 29 јануари, доколку се исполнат се поизвесните очекувања дека изборите ќе одржат на 8 мај, заедно со вториот круг на претседателските. Освен првиот премиер Албанец, во оваа техничка влада свои места ќе добие и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, односно тие треба да одберат кој ќе раководи со МВР и со мнистерството за труд, како и да определи тројца заменици министри во ресосрите финансии, земјоделство и информатичко општество и администрација. Оваа влада е само техчника, односно главна задача е само да обезбеди минимално функционирање на државата и да гарантира фер и демокртаски избори. Оваа влада ќе раководи со државата до конечното објавување на изборните резултати од страна на Државната изборна комисија. Доколку во декември на лидерската се потвдри 8 мај како датум тогаш спикерот талат џафери треба да ги распише најрано на 8 февруари или најдоцна на 28 февруари, а собранието најрано да се распушти на 9 март.

Според Изборен законик, Од денот на распишувањето на изборите до денот на одржувањето на изборите не може да помине повеќе од 90 дена, ниту помалку од 70 дена.

Според член 63 од Уставот, Избори за пратеници во Собранието се одржуваат во последните 90 дена од мандатот на стариот пратенички состав или во рок од 60 дена од денот на распуштањето на Собранието.  

Реклама

Точните рокови за спроведување на изборните дејствија, односно кога почнува кампањата ги утврдува Државната изборна комисија, но јасно е дека ќе има поклопување на на кампањите за избор на претседател и избор на пратеници. 

Ако првиот круг на претседателските избори биде на 24 април, тогаш кампањата најверојатно ќе почне на 4 април. Кампањата за парламентарните избори пак, ќе почне на 18 април, но ќе мора да паузира за време на изборниот молк пред првиот круг на претседателските избори.  Во 2014тата година, ДИК  реши еден од проблемите со судирот на роковите меѓу претседателските и парламентарните избори. Кандидатите за пратеници ја почнаа изборната кампања два дена порано за да ги надоместат двата дена прекин на кога ќе траеше изборниот молк за првиот круг од претседателските избори.

Парламентарните избори треба да се одржат во последните 90 дена од мандатот на пратениците, кој завршува на 4 август. Вториот круг на претседателските избори најдоцна може да се одржи до 8 мај за да се фати рокот за евентуални жалби и прегласувања, бидејќи новиот претседател мора да биде инаугуриран на 12 мај.