Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Докази на Обвинителството: Димитровска му праќала одлуки и информации на екс директорот на ТЕЦ Неготино

Одлуки на ДКСК, кој обвинител за што го истражува и зошто му…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одлуки на ДКСК, кој обвинител за што го истражува и зошто му бараат податоци за имотната состојба – обвинителството ги прочита дел од пораките помеѓу поранешната прва антикорупционерка и ексдиректорот на ТЕЦ Неготино Небојша Стојановиќ. Обвинителите тврдат дека Димитровска не смеела, но сепак го известувала Стојановиќ какви се одлуките по претставките за него и семејните фирми кои добивале тендери од ТЕЦ Неготино додека тој го раководел. Има куп, многу многу пораки, рече обвинителот Азизи пред судот, но ги читаше само тие од интерес за постапката.

ПОРАКИ ПОМЕЃУ ДИМИТРОВСКА И СТОЈАНОВИЌ

Татјана: Да не имало судир?

Реклама

Нешо (Небојша Стојановиќ): Ај проверете

Татјана: Да не го грешиме името на фирмата?

Нешо: Хем Алијанс.. Океј не се малтретирај секако е чисто тоа.

Татјана:Од корупција викаат дека нема.

Нешо:Најбитно е ова во ОЈО, за „Брејм коде“, да видиме кај кој обвинител

Татјана: Сега тоа

Нешо: По пријава од ИРЛ е

Татјана: Сега и тоа

Татјана: (следи ПДФ фајл) не споделувај со никој што ти праќам, ова е ДКСК.

Нешо: океј

(Тука доле е прикачен фајлот ПДФ се работи за одлука на ДКСК Иницијатива за поседување постапка за кривично гонење со датум 28.12.2023 година. Се однесува за РКМ – Дооел.)

Беа прочитани и пораки помеѓу Димитровска и колеги во ДКСК и ДЗР, со што заврши презентирањето на екстрахираните податоци од Обвинителството. Тие сметаат дека го докажале товарот на Димитровска за издавање службена тајна, а со претходните и комјутерскиот фалсификат на безбедносен сертификат.

  • „Сметаме дека истите се споделени, се со една цел, да лицето коешто реално покажува интерес и коешто е поврзан тесно семејно со субјектот којшто е предмет на анализа, реално добива предвремено информации за текот на претстрагата. Исто така, споделени се одлуки коишто реално не се анонимизирани, такви какви што реално може да ги видиме во страницата на ДКСК и со кои што јавноста може да се запознае до одредена, до одредена мера“ рече ФАТОН АЗИЗИ – Обвинител во ОЈО за ГОКК.

Одбраната реагираше дека на минатото рочиште биле прочитани пораки кои не биле од интерес за процесот, со што јавноста пред време ја осудила Димтировска. За пораките со Стојановиќ повторуваат дека сите тие одлуки претходно биле јавно изнесени.

  • „Јавното обвинителство треба да каже дека токму Небојша Стојановиќ на повик на претходното раководство на ДКСК носел документи, соработувал, имал директен контакт и со претседателот на Државната комисија за спречување корупција, тогаш Биљана Ивановска, а со цел и во насока на веќе започнати постапки“ рече ВЛАДИМИР ТУФЕГЏИЌ – Адвокат на Димитровска 

Судењето во кое освен Димитровска, обвинети се и ревизорот кој полагал тест за безбедносен сертификат и вработена од ТЕЦ Неготино за оддавање службена тајна, продолжува со докази на одбраната. Највија и сведоци.