Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Свет

Додик: Распишаната меѓународна потерница е продолжение на злоупотребата на судството за политички цели

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, по распишувањето на меѓународната потерница по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, по распишувањето на меѓународната потерница по него, денеска од Израел изјави дека продолжува злоупотребата на судството во Босна и Херцеговина (БиХ) за политички цели.

„Ништо необично, злоупотребата на судството продолжува. Муслиманите од Сараево се обидуваат да направат се, а противуставното Обвинителство и Суд на Босна и Херцеговина ја користат за своите цели,“ изјави Додик во Ерусалим, каде што учествува на Конференцијата за антисемитизам.

Тој нагласи дека „колку повеќе им одговара тоа, толку повеќе ќе одговара и на Република Српска, бидејќи овој проблем ќе се интернационализира“.

Реклама

„Никој не треба да се грижи за оваа ситуација, бидејќи јас како претседател на Република Српска ги почитувам одлуките на Народното собрание на Република Српска, кои јасно кажуваат како треба да се постапи. Сè е јасно,“ додаде Додик.

Тој нагласи дека „Република Српска е најважна“, а БиХ ја оцени како „неуспешна и пропадната земја“.

Судот на Босна и Херцеговина распиша меѓународна потерница по претседателот на Република Српска, Милорад Додик, и претседателот на Народното собрание, Ненад Стевандиќ, соопшти денеска Судот на Босна и Херцеговина.

Судот информираше дека потерницата е издадена на предлог на државното обвинителство, бидејќи Додик и Стевандиќ се осомничени дека го нарушиле уставниот поредок на Босна и Херцеговина, користејќи ја својата позиција како високи функционери на Република Српска и избегнувајќи ги законски пропишаните процедури за контрола на границата, преминувајќи ја државната граница.

Обвинителството ги обвинува за „напад на уставниот поредок“ и ги смета за најодговорни, заедно со премиерот Радован Вишковиќ, за усвојувањето на законите кои ја забрануваат работата на државните правосудни институции и Агенцијата за истрага и заштита на територијата на Босна и Херцеговина.

Претходно, по нив беше распишана централна потерница која се однесува на територијата на Босна и Херцеговина.