Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

Доделување лиценци на нова генерација професионални планински водичи во Европска куќа Скопје

На настан во просториите на „Европска куќа“ Скопје, денеска  ќе бидат доделени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На настан во просториите на „Европска куќа“ Скопје, денеска  ќе бидат доделени лиценци на нова генерација професионални водичи во планина, обучени согласно меѓународниот стандард на „Union of International Mountain Leader Associations (UIMLA)“.

Како што соопштуваат од Унијата на водичи, на настанот ќе бидат доделени лиценци на вкупно 17 кандидати – седум од нашата држава и 10 од регионот (Косово, Албанија, Грција и еден кандидат од САД), кои успешно ја завршиле обуката и ги исполниле строгите професионални критериуми за стекнување меѓународно призната квалификација.

На настанот ќе се обрати Биљана Стефаноска, национален координатор за промоција на туризмот. 

Реклама

– Процесот на обука и лиценцирање претставува значаен чекор во насока на унапредување на квалитетот, безбедноста и професионалните стандарди во планинскиот и авантуристичкиот туризам – сегмент кој е препознаен како стратешки важен за диверзификација на туристичката понуда и зголемување на конкурентноста на дестинацијата. Воспоставувањето и примената на меѓународно признати стандарди директно се надоврзуваат на стратешките определби за развој на одржлив туризам, унапредување на човечкиот капитал и создавање туристички производи со повисока додадена вредност. Професионалните водичи имаат клучна улога во генерирање доверба кај странските пазари, продолжување на туристичката сезона и насочување на туристичкиот промет кон рурални и планински подрачја, со што се поттикнува локалниот економски развој, стои во соопштението.

Регионалниот карактер на генерацијата дополнително ја позиционира земјата како центар на знаење и соработка во областа на професионалното планинско водење, придонесувајќи кон јакнење на прекуграничната туристичка понуда и економска поврзаност.

Обуката е реализирана во Центарот за образование, наука и истражување – Планинска академија, акредитирана институција од Министерството за образование и наука, како и од страна на UIMLA.

Настанот е во организација на Македонската асоцијација на интернационални водичи во планина.