Реклама

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Прилози

Доделени се 33.682 ваучери за студенти, 11.500 веќе зеле електронски уред

Студентите кои не можеа да си дозволат компјутер лап топ или таблет,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Студентите кои не можеа да си дозволат компјутер лап топ или таблет, а кој ќе им биде од голема помош во текот на студиите, конечно добија можност да стигнат до електричен уред. Околу 33.700 студенти го искористиле своето право и ги подигнале ваучерите кои ги обезбеди Владата во вредност од 15.300 денари. Како што вели портпаролката Марија Митева, интересот е огромен и мерката создава вистински резултати.

„Со добро поставен систем и силна соработка помеѓу институциите, мерката стана пример како државата може ефикасно, модерно и одговорно да испорача политики кои дирекно го подобруваат животот на граѓаните. Владата покажа дека инвестициите во знаење, технологија и млади се наш приоритет.“– изјави портпаролката на Владата, Марија Митева.

11.500 студенти веќе успешно го искористиле својот ваучер и подигнале нов електронски уред. Од владата велат дека и понатаму ќе продолжат со следење на реализацијата на мерката.

Реклама

„Како Влада ќе продолжиме со следење на реализацијата и кај овластените трговци, кон обезбедување на постојана поддршка на студентите и подготовка на нови политики насочени кон дигитализација и модернизација на образованието.“– изјави портпаролката на Влада, Марија Митева.

За оваа мерка, од државниот буџет се издвоени 850 милиони денари за 55 илјади студенти. Запишаните на прв циклус може да аплицираат најдоцна до 20 декември 2025 година на веб страната на услуги.гов.мк, а подигањето на уредите, може да се изврши до 31 декември 2025 година.