Реклама

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Македонија

Доделени благодарници за најдобрите во областа на корпоративната безбедност

Во саботата, 8.5.2021 година, се одржа Годишното собрание на Асоцијацијата за корпоративна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во саботата, 8.5.2021 година, се одржа Годишното собрание на Асоцијацијата за корпоративна безбедност – Скопје, придружна членка на Асоцијацијата за корпоративна безбедност за Југоисточна Европа со седиште во Загреб. Интернационалната комисија, со која претседаваше проф. д-р Драган Триван, донесе одлука за успешен развој на безбедноста и посебно на корпоративната безбедност да бидат наградени: м-р Саше Тасевски, директор на Бирото за јавна безбедност, проф. д-р Ацо Станков, раководител на Институтот за судска медицина при Медицинскиот факултет-Скопје, г. Анџело Василевски од „Батери еволушн“-Скопје, г. Кирил Лазаров од „Никоб обезбедување“-Скопје, г. Кирил Богевски од винарницата „Бовин“-Неготино и весникот „Нова Македонија“.

– Развојот на корпоративната безбедност во Република Северна Македонија се движи во напреден правец и во тоа посебна заслуга има активноста на Асоцијацијата за корпоративна безбедност – Скопје. И во услови на пандемија, оваа асоцијација успеа да реализира неколку значајни работилници во регионот и да помогне компаниите полесно да ја преструктурираат својата безбедност во согласност со новите услови. Се надевам дека наградите се во вистински раце и истите тие ќе имаат своја практична евалуација – нагласи тој.

Претседателот на Асоцијацијата за корпоративна безбедност – Скопје, проф. д-р Атанас Козарев, на присутните им ги честита наградите и ја нагласи нивната улога во развивањето на концептот за корпоративна безбедност како теорија и практика во нашата држава.
Според професорот Козарев, македонската полиција како никогаш досега покажува резултати во областа на јавната безбедност со кои се вбројува со развиените полиции во светот, при што изрази очекување и во иднина овој тренд да оди во нагорна линија, благодарение на стратегиското менаџерство на директорот на Бирото за јавна безбедност, м-р Сашо Тасевски.
Развојот на корпоративната безбедност во нашата држава е незамислив без реалната поддршка на г. Кирил Лазаров, лидерот во областа на приватното обезбедување и носител на нови иновативни и креативни идеи во остварување што поголема економска безбедност на деловното работење.