Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Прилози

Додека Софија нè блокира за ЕУ – Македонија изгради значајни стратешки партнерства со САД, Британија, Унгарија, Хрватска

Македонија мора да продолжи стратешки да се договара и да склучува партнерства…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија мора да продолжи стратешки да се договара и да склучува партнерства со земјите членки на ЕУ, бидејќи тоа е одлична можност да се позиционира државата. Според познавачите на приликите, во време кога Македнија е блокирана од страна на Бугарија, земјава стратешки се поврза со светската сила САД, потоа со Велика Британија, а регионално со две значајни земји членки на ЕУ, Унгарија и Хрватска. Потребна е стратегија што покажува дека Македонија е доверлив партнер кој може да даде дополнителна вредност на европските вредности и стандарди, дома.

„Кога би можеле да имаме што повеќе договори, пример со Република Франција како една од водечките сили во моментот во Европска Унија или Германија, тоа би значело дека тие ќе водат грижа на крајот за, генерално, нашиот европски пат, меѓутоа ќе водат грижа особено за областите во коишто ги потпишувате стратешките договори. Јас лично гледам позитивно на ова и не треба ова да се сфати како некоја утеха за нашиот европски пат. Напротив, ова е наше пријателство кое треба да го правиме засебно со секоја европска држава,“ изјави Иван Атанасовски, универзитетски професор

Според Атанасовски, потребно е сите чинители во државата од различни сфери да се вклучат во активна поддршка на македонската дипломатија. Спортисти, културни работници и истакнати личности мора да помогнат во градење мрежи кои ќе отворат пат за нови договори и подобро етаблирање на македонската надворешна политика.

Реклама

„Треба да бидеме сплотени, треба да изградиме силен консензус со тоа да му помогнеме на нашиот министер за надворешни работи, господинот Тимчо Муцунски, во градење на таа европска мрежа, во отворање на тој европски пат. Ако европските пријатели видат дека ние имаме силен консензус во државата, без оглед дали е тој политички, етнички или било како, на било која друга основа, тоа ќе ги поедностави работите и за самиот министер и тоа сме должни да го правиме и како одговорни граѓани и како луѓе. Па ако сакате и она вие што го спомнавте како политичките партии“ изјави Иван Атанасовски

Според Атанасовски, Македонските политички партии мора да седнат и да се договорат во делот за заштита на националните цели и интереси и во градењето стратегија.. Или да ја поддржат сегашната, за што премиерот неколку пати повика – а која засега се чини дека е исправна.