Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Крај за дивите депонии? – Проектот во Новаци со забрзана динамика

До втората половина на 2026 година конечно ќе почне изградбата на регионалната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До втората половина на 2026 година конечно ќе почне изградбата на регионалната депонија во битолско Новаци. Министерството за животна средина ги интензивира постапките за реализација на овој проект кој со години се влече, а е клучен за еколошкото управување со отпадот од Пелагонискиот и Југозападниот регион. Со новата депонија ќе се стави крај на проблемите со импровизираните диви депонии, ќе се намали ризикот по здравјето на населението и ќе се создадат услови за современо управување со отпадот согласно европските стандарди, децидни се експертите. Во регионалната депонија во Новаци ќе се одлага и преработува сметот од 18 општини.

“Тоа место каде што би се градела таа депонија не е житница туку е поранешен ископ од јаглен каде што има јаловина. Тотално неплодно земјиште оддалечено од населени места и таму би требало од прилика 50% од целокупниот отпад што го генерираме денеска да оди на таа депонија. Значи да се третира по сите најсовремени стандарди” – вели Ѓоко Зороски, инженер за заштита на животната средина.

Во Новаци, меѓу другото, ќе се одлага сметот и од дивата струшка депонија која 20 години ги труе граѓаните и претставува една од најопасните нестандардни, диви депонии во државата. Научните истражувања потврдуваат дека луѓето што живеат во близина на места каде што се согорува отпад имаат зголемена смртност од канцер. Затоа е потребно час поскоро да се изгради регионалната депонија, истакнува Зороски.

Реклама

“Во спротивно ја имаме денешната ситуација, која што е многу полоша, каде што имаме огромен број на ѓубришта кои вршат загадување на воздухот и на подземните води од многу точки. Значи, имаме 18 општини каде што има огромен број на такви ѓубришта кои, за жал, предизвикуваат многу поголема штета по животната средина отколку една современа регионална депонија. Затоа ние сме на став дека таа депонија треба да се изгради и треба пред се’ населението да сфати дека ние треба да селектираме отпад” – вели Зороски.

Напоредно со изградбата на регионалната депонија, општините ќе се опремат со возила за транспорт и контејнери за селекција на отпадот, а имаат и низа други сериозни задолженија.

Државен инспекторат за животна средина: “Согласно закон, градоначалниците треба да ги преземат сите неопходни мерки за затворање на постоечките нестандардни локации согласно Планот за управување 2021-2031, каква што е локацијата во Струга. Во рок од три години од денот на влегувањето во сила на овој закон, се должни да ги затворат и рекултивираат постоечките нестандардни локации.”

Покрај депонијата во Новаци, во моментов се подготвува идеен дизајн и тендерска документација и за регионалните депонии во Русино и Гостивар. Не се очекува одложување на постапките, бидејќи паралелно се работи на подигнување на јавната свест кај граѓаните, информираат од ресорното министерство.