Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

До 17 часот во Општина Велес гласале 34,14 проценти од гласачите во Општина Градско 47,50, Лозово 61,9, а најмногу-65,5 проценти гласале во Општина Чашка

Во Општина Велес на 84 избирачки места со вкупно 44.850 гласачи запишани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Општина Велес на 84 избирачки места со вкупно 44.850 гласачи запишани во единствениот гласачки список до 17 часот на гласање излегле 15 313 или 34,14 проценти од полнолетните граѓани со право на глас. Како што информира членот на ОИК Велес,  Ребека Бајдевска Ѓошева, гласањето поминало во фер и демократска атмосфера без инциденти.

Во Општина Градско на 11 избирачки места со вкупно 3038 гласачи до 17 часот гласале 47,50 проценти од гласачите информира од ОИК Градско, претседателката Мери Седмакова Димовска.

Во Општина Лозово  на девет избирачки места со вкупно запишани во избирачкиот список 1783 избирачи до 17 часот гласале 1162 гласач или 61,9 проценти информира за МИА, претседателката на ОИК Лозово, Славица Штериова.

Реклама

Таа појасни дека гласањето во првиот круг од локалните избори 2025 во Општина Лозово поминале во фер и демократска атмосфера.

Во Општина Чашка до 17 часот излезеноста на гласачите е 65,5 проценти што е најмногу од сите 4 општини во овој регион. Или од вкупно 6 141 гласач на 30 избирачки места до 17 часот гласале 4019 гласачи, информира претседателот на ОИК Чашка, Ридван Лимани. Воедно појаснува  дека изборите денеска  поминале во фер и демократска атмосфера и без инциденти.