Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Дизел горивата и мазутот поевтинуваат

Дизел горивата поевтинуваат за 1,5 денари, а цените на бензините остануваат исти.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дизел горивата поевтинуваат за 1,5 денари, а цените на бензините остануваат исти. Одлуката за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати беше донесена денеска од страна на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со оваа одлука се остварува просечно намалување на цените за 1,29% во однос на претходната пресметка.

Според новите цени, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) изнесува 68,5 денари за литар, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) е 68 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе остане на цена од 74,5 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 76,5 денари.

Исто така, со одлуката на РКЕ, малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,916 денари и сега изнесува 41,345 денари за килограм.

Реклама

РКЕ исто така наведува дека на светскиот пазар, референтните цени на нафтените деривати во споредба со претходната пресметка се зголемени за 2,592% кај бензините и 0,172% кај мазутот, додека за дизелот има намалување од 1,513%, а за екстра лесното масло намалувањето е 1,550%. Курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 2,5506% во однос на претходната пресметка.