Реклама

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Македонија

ДИЗ: Инспекциски контроли кај извозникот, откупувачите и производителите, црвените пиперки не се вратени во Македонија

Се вршат контроли и надзори кај извозникот, откупувачите и индивидуалните земјоделски производители…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се вршат контроли и надзори кај извозникот, откупувачите и индивидуалните земјоделски производители по нотификациите од RASFF системот и официјалното известување од Хрватска за утврдено присуство на пестицидот метомил во свежа црвена пиперка увезена од Македонија, информира Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ).

Станува збор за пратка од околу 15 000 килограм пипер. Извозникот не е производител, пиперот го купил од други правни субјекти кои вршат откуп од индивидуалните производители.

– Извозникот има извршено повеќе лабораториски анализи за присуство на пестициди во црвена пиперка од почетокот на берба на годинашната реколта при извоз и продажба, и тоа во акредитирани лаборатории во земјата и во други држави и до овој момент нема добиено резултати за зголемено количество на резидуи од фитофармацевтски производи или присуство на недозволени фитофармацевтски производи, наведува ДИЗ.

Реклама

Според официјалното известување добиено од Хрватска, во земениот примерок е утврдено присуство на активна материја метомил во количина од 0,049 mg/kg – ppm. Пратката со свежа црвена пиперка e извезена на 09.09.2025 година, а по извршената контрола на граничниот премин при влез во Хрватска не е запрена и дозволен и е влез во Хрватска. Примерокот за анализа е земен на 23.09.2025 година од малопродажната мрежа, а информацијата од RASFF системот е добиена на 03.10.2025.

-Пиперките не се вратени во Македонија, но немаме информација за постапувањето на хрватските инспекциски служби – дали пиперките се повлечени од продажба или се уништени, потенцираат од Инспекторатот.

Оттаму напоменуваат и дека согласно овластувањата од Законот за Фитофармација, државните фитосанитарни инспектори вршат редовни и вонредни надзори во делот на увозот, дистрибуцијата и употребата на фитофармацевтските средства, односно надзорот се врши при увоз, на граничните премини, во складиштата и во земјоделските аптеки, како и кај крајните корисници – индивидуалните земјоделски производители.

-Фитофармацевтски производи кои содржат активна материја метомил се забранети за увоз, продажба и употреба, а доколку се затекнат вакви производи кај спомнатите субјекти, се преземаат соодветни санкции. Исто така се вршат контроли и кај индивидуалните производители за видот на фитофармацевтските производи кои ги користат, како и за начинот на апликација, за што секој производител согласно законските прописи е должен да води соодветна евиденција, објаснуваат од ДИЗ.

Контролите кои се во тек се вршат заедно со Агенцијата за храна и ветеринарство. По завршувањето на инспекцискиот надзор, ДИЗ, како што подвлекува, ќе има повеќе информации.