Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Директорот на ЦУК на состанок на Регионалниот комитет за воздухопловно пребарување и спасување во Тирана

Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, денеска во Тирана,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, денеска во Тирана, Република Албанија, учествуваше на 26-тиот состанок на Регионалниот комитет за воздухопловно пребарување и спасување (RASARAC).

На состанокот, на кој учествуваа претставници од земјите од регионот, Али, како што информираат од ЦУК, придонел во дискусиите за анализа на функционирањето на оперативните центри за пребарување и спасување во случаи на цивилни воздухопловни несреќи.

Во текот на работните сесии, секоја земја учесничка ги презентирала своите искуства, капацитети и предизвици во управувањето со SAR (Search and Rescue) операции, со посебен фокус на прекуграничната координација, оперативните процедури и унапредувањето на системите за алармирање и реагирање.

Реклама

Главната цел на состанокот, како што информираат, била унапредување на регионалната соработка и зголемување на ефикасноста во управувањето со итни ситуации, со цел реакцијата при цивилни воздухопловни несреќи да биде што побрза, координирана и ефективна.

Од ЦУК, нагласуваат дека учеството на овој настан ја потврдува посветеноста на нашите институции за зајакнување на националните и регионалните капацитети во областа на управувањето со кризи и воздухопловната безбедност.