Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Свет

Директорот на ЦИА потврди дека Трамп ја прекинал разузнавачката помош за Украина

Директорот на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) Џон Ретклиф денеска потврди дека американскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) Џон Ретклиф денеска потврди дека американскиот претседател Доналд Трамп наредил да се прекине разузнавачката и воената помош за Украина.

Тој за Фокс Бизнис Њуз изјави дека Трамп бил во право кога прашал дали украинскиот претседател Володимир Зеленски е посветен на мировниот процес, „поради што рече да направиме пауза“.

Ретклиф изрази надеж дека паузата наскоро ќе биде укината и ја истакна својата посветеност да работи со Украина за постигнување мир, по писмото на украинскиот претседател до Трамп, пренесува Си-Ен-Ен.

Реклама

– И мислам дека ќе работиме рамо до рамо со Украина бидејќи треба да ја истераме агресијата што е таму, да го ставиме светот на подобро место за да можат овие мировни преговори да тргнат напред, рече тој.

Тој објасни дека САД веќе ја ограничиле размената на разузнавачки информации, вклучително и спроведувањето на помал број разузнавачки, надзорни и извидувачки летови кои би можеле да влијаат на офанзивните и одбранбените операции, вклучително и противвоздушната одбрана, бидејќи Украина зависи од американски разузнавачки податоци за надзор.

Претходно денеска, Фајненшл тајмс, повикувајќи се на извори, јави дека САД го прекинале споделувањето разузнавачки информации со Киев. Во исто време, Дејли Мејл објави дека Вашингтон и забранил на Велика Британија да споделува американски разузнавачки информации со Украина и дека забраната се однесува на британската разузнавачка служба GCHQ, шпионските агенции и разузнавачките ограноци на Министерството за одбрана на Велика Британија.

Според Дејли Мејл, на овие агенции им е забрането да споделуваат разузнавачки информации генерирани од САД, претходно познати како „Rel UKR“, што значи дозволено да се споделуваат со Украина (Releasable to Ukraine).