Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Прилози

Димовски: Контра напад на Израел би значело светска дестабилизација

Ако Израел возврати со иста мера кон Иран, тоа би значело војна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ако Израел возврати со иста мера кон Иран, тоа би значело војна од поголеми размери, кој ќе го зафати целиот регион или пак ќе го вовлече и светот во воен конфликт – вели универзитетскиот професор по безбедност, Злате Димовски, кој појаснува дека дел од државите или милитантни организации од Блискиот Исток, размислуваат за начини, како да вовлечат и трети страни во конфликт.

  • „Ако одат со иста мера да му вратат на Иран, тоа би значело и вовед во војна, трета светска војна, која што навистина е проблеметично и каде што ќе имаме конфликт на повеќе држави, кои што располагаат со нуклеарно оружје, кое што е поразително за целиот свет.“ – Вели универзитетскиот професор, Злате Димовски.

Професорот смета дека опасноста Македонија да биде инволвирана во конфликотот е мала, поради географската оддалеченост, но вели дека секоја држава треба да е соодветно подготвена за терористички закани, кои имаат политички мотиви. Тоа е така бидејќи завојуваните страни располагаат со терористички келии, кои може да се обидат да извшат провокации, а како пример ја зема Франција, која веќе го подигнала нивото на тревога.

  • „Пипците на меѓународниот тероризам и она што претходно го потенцирав, дека тие сакаат да инволвираат повеќе држави, може да се случи да активираат некои нивни келии. Дали тоа ќе биде Хамас, Хесболах, растурената Ал Каеда, Исил и тн. може да се случи да ги пренесат таквите активности.“ – Појаснува професорот.

Тој додава дека Иран го најавил нападот кај Соединетите американски држави, нешто што досега не се случило, што покажува дека тие се соочувале со политички притисок да се конфронтираат со Израел. Состојба која ја делат и други исламски држави, а кои се уште впуштиле во вооружена конфронтација.

Реклама

Никола Цветкоски