Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Димовска: Кривичниот суд, но и целиот судски систем се наоѓа пред голем предизвик – судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани 

Кривичниот суд, но и целиот судски систем во моментов се наоѓа пред…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кривичниот суд, но и целиот судски систем во моментов се наоѓа пред еден навистина голем предизвик, односно судење за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани кое е од  исклучителна сложеност и општествена важност, порача в.д. претседателката  на Основниот Кривичниот суд – Скопје, Даниела Димовска, во своето обраќање на Годишното собрание на Здружението на судии на Македонија, што се одржа денеска во Врховниот суд Скопје. 

Димовска, пред колегите од Врховниот, Апелационите и другите судови во земјата како и членовите на Судскиот Совет на Македонија, истакнала дека „овој процес нема да биде само тест на нашата правна подготвеност, туку и на нашата издржливост, професионалност и независност“.

-Секој од нас е свесен дека ваквите предмети се следат со големо внимание од јавноста, но тоа само дополнително ја нагласува нашата одговорност да останеме доследни на принципите на правдата и владеењето на правото. Верувам дека како заедница на судии, обединети во истите вредности и стандарди, ќе покажеме дека судството има сила, интегритет и знаење да се справи со секој предизвик — без притисоци, без страв и без компромиси со вистината. Да продолжиме да бидеме пример на професионалност, достоинство и меѓусебна поддршка. Само така можеме да ја зацврстиме довербата во нашата работа и во правосудниот систем, изјави Димовска, се вели во соопштението од Кривичен суд. 

Реклама

Кривичниот суд, се вели во соопштението, воедно побарал од надлежните судски инстанци целосно да се вклучат, секој со своите ингеренции, во поддршка на судот за организација и обезбедување услови за ефикасно водење на конкретната постапка со доследно почитување на правата на странките како и присуство на јавноста, а во тој правец ги повика и навреме да реагираат и надлежните Министерства.

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој животот го загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени, ќе почне на 19 ноември годинава во судницата во КПУ Идризово. Предметот, преку АКМИС системот, е распределен кај судијката Диана Груевска Илиевска.