Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Димитровски: Нашите политики се унисони со мировните политики на САД и ЕУ

Нашите политики се унисони со мировните политики на САД и ЕУ кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нашите политики се унисони со мировните политики на САД и ЕУ кои имаат намера и интерес да владее мир на Балканот и Балканот да биде интегриран, истакна заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски, одговорајќи на пратеничко прашање од пратеникот Амар Мециновиќ, поврзано со надворешната политика на земјава.

Според заменик министерот Димитровски, најголем дел од граѓаните на Македонија ги знаат стратешките приоритети на Владата на Македонија.

-Главните стратешки приоритети на државата, а тоа го знаат најголемиот дел на граѓаните на Македонија се зачленување во ЕУ, стратешкото партнерство со САД и продолжување на нашето партнерство во НАТО.  Ние сме унисони во мировните политики на САД и ЕУ кои имаат намера и интерес да владее мир на Балканот и Балканот да биде интегриран, односно земјите од Западен Балкан да се интегрираат во Европската унија, одговори Димитровски и додаде дека целите како држава ќе бидат поставувувани и ќе бидат како што рече, во согласност со нашите партнери САД и ЕУ.