Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Димитров: Платата не е работа на желби, туку на економски критериуми

Платата не е работа на желби, туку на економски критеруми кај кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Платата не е работа на желби, туку на економски критеруми кај кои нема зголемување за износ на кој ќе се темели барањето за минимална плата од 36 илјади денари. Износот од 57 проценти на минималната плата кај нас во однос на просечната е највисока заштита што ја има кој било работник во Европа, вели Ангел Димитров од Организацијата на работодавачите на Македонија.  

Димитров потсетува дека кај нас со закон е предвидено дека минималната плата не може да биде под 57 проценти од просечната плата, што, посочува, е повисок износ во однос на Европската унија, каде е околу 50 проценти. 

– Мислам дека треба разум, платата не е работа на желби, туку на економски критеруми. Затоа во Европската Унија четири години се расправаше за Директивата за минимална плата и првин што утврдија е дека не може во цела Европа да има една минимална плата затоа што земјите не се на ист степен на економски развој. Донесе директива со која минималната плата, за да не предизвика економски проблеми, треба да се движи околу 50 проценти. Во Македонија отидовме уште понатаму. Во нашиот закон е предвидена дополнителна заштита дека минималната плата не може да биде помалку од 57 проценти од просечната плата. Ако сега 50 проценти од инфлацијата и 50 проценти од порастот на просечната  плата падне под 50, ќе го земеме вториот критериум, 57 проценти од просечната плата, што мислам дека е највисока заштита што ја има кој било работник во Европа – изјави Димитров. 

Реклама

Износот од 36 илјади денери што се бара, посочува Димитров, не се заснова на ниеден економски критериум.

– Не само на законските основи, каде што платата треба да се усогласи со порастот на инфлацијата од 4,2 проценти и порастот на просечната плата над 9 проценти, туку е, едноставно, од рака затоа што 36.000 во однос на сегашната минимална плата е пораст од речиси 50 проценти, односно 47 проценти. Кои економски параметри пораснале за 47 проценти, БДП, продуктивност, износ на вкупно производство? Нема економски критериум што пораснал толку. Од друга страна, фактички тоа ќе значи крах за сите трудоинтензивни дејности, кои сега имаат плата под 36.000 денари, тоа се многу работници, бидејќи, на пример, и оние што вадат лигнит во рудниците од РЕК имаат просечна плата од 32.000 денари, значи и тие од прв до последен треба да земаат иста плата – рече Димитров. 

Дополнува дека „во барањето на синдикатот не се земени никави економски критеруми и оти единствено се држат на нивната потрошувачка кошничка“, која, посочи, Владата на некој начин ја оспори и треба да излезе со друга. Слично, истакнува, како што се случи сега во Словенија, каде што работодавачите реагираа ако само синдикатот ја прави синдикалната потрошувачка кошничка, таа е подложна на многу субјективизам. 

Димитров наведува и дека сите што имаат просечни плати под 36.000 денари, речиси 100.000 вработени во државата ќе се најдат во многу незгодна ситуација затоа што ќе треба од првиот до последниот работник да имаат иста минимална плата. – Тогаш, добрите работници, тие со повисоко звање, нема да може да се наградат. Ќе падне продуктивноста, слично како во 2018 година кога имавме огромно зголемување од 15.000 на 18.000 денари и пропаднаа 1.400 компании – вели Димитров.