Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Димитријевиќ: Девет милиони евра тендери за фирма со двајца вработени, отворена пред една година, крадењето мора да запре

Денес го отвораме првиот од серијата скандали за криминалот на Владата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес го отвораме првиот од серијата скандали за криминалот на Владата на Мицкоски. Фирмата „Дигитал оне“,  формирана на крај на август лани, со само двајца работници за една година има добиено тенеди од скоро девет милиони евра, народни пари, изјави денеска на прес-конференција генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, стои во партиското соопштение.

 И сите овие тендери се со владини и државни институции во период од мај 2025 до денес ноември 2025. Фирма без историја, без искуство, без портфолио – регистрирана за трговија со информатичка и комуникациска опрема добива речиси 9 милиони евра за само 6 месеци. Или по 1,5 милиони евра месечно.

Основана е од извесен Кристијан Арсовски и има само двајца вработени. Да, добро слушнавте, 2 вработени, со речиси 9 милиони евра добиени пари од граѓаните.

Реклама

Од шест државни тендери, дури четири се со Генералниот секретаријат на Владата на Мицкоски. И тоа не било какви тендери туку милионски договори.

Последниот договор е рамковна спогодба за софтверски лиценци за виртуелна платформа во вредност од 8 милиони евра.

Како е можно за толку кратко време фирма со двајца вработени да добијат речиси 9 милиони евра?

Ако ова не е класична шема за испумпување на парите на граѓаните преку фирми блиски до власта тогаш што е? 

И секако, едно од прашањата е дали Кристијан е во роднински врски со поранешниот портпарол на ДПМНЕ, Димса Арсовски?

Повикуваме Јавното обвинителство, Финансиската полиција и ДКСК веднаш да регираат, да отворат истрага.

Овој скандал има и други сомнителни аспекти за кои ќе продолжиме да говориме.

Ова е истиот криминален систем, истата криминална шема на Никола Груевски кој 11 години ја ограбуваше Македонија и 2 милијарди евра се испумпаа од граѓаните, за што целата јавност слушна во бомбите.

Мицкоски е само негов ученик и извршител.

Предпредуваме, инситуциите да делуваат и да преземат мерки согласно законот, одговорност мора да има ќе има, кога тогаш! За сите!

Крадењето мора да престане, веднаш!