Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

Димитриевски: „Табакана“ нема да биде зграда, туку бесплатен паркинг за околните жители и парк со детско катче

Кандидатот за градоначалник на Куманово од редовите на Движење ЗНАМ – За…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на Куманово од редовите на Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, денеска најави нов уреден јавен простор кај локалитет „Табакана“ кај булеварот „Октомвриска револуција“.

Димитриевски рече дека нема да се дозволи изградба на нова зграда, туку на локацијата ќе никне нов бесплатен паркинг за локалното население, како и парк со детско катче.

– Иако, во минатото некој предвидел во деталниот урбанистички план за оваа локација да се гради зграда, јас како иден градоначалник на Куманово нема да го дозволам тоа. Сите овие времени објекти ќе бидат дислоцирани, дополнително ќе биде изграден нов паркинг простор којшто ќе биде бесплатен за сите коишто живеат на во околината и дополнително детско катче и нови зелени површини, изјави Димитриевски.

Реклама

Тој додаде дека е време да се стави крај на, како што рече, „урбано градежните групации“ кои сакаат да го урбанизираат, поточно бетонизираат секој слободен простор во Куманово.

– Мора да кажеме стоп на урбано градежните групации коишто сакаат да го урбанизираат секој простор во нашиот град со никнување на нови бетонски градби, рече Димитриевски.

Максим Димитриевски во својата видеопорака побара од поддршка од граѓаните за во вториот круг од изборите.

– Ве повикувам масовно да излезете и да ми дадете поддршка во вториот круг, бидејќи Куманово заслужува да продолжи да расте, да се развива, повика Димитриевски.

За оваа урбана заедница, Димитриевски кажа дека „дојде времето да се средува и централното градско подрачје, конкретно булеварот „Октомвриска револуција“, негово пробивање, изградба на нов кружен тек и уште многу други содржини.