Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Димитриевски: Додека други нарачуваат анкети, единствено ЗНАМ разговара со народот на терен

Претседателот на Движење ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски, во гостувањето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Движење ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски, во гостувањето на една од националните телевизии, порача дека ЗНАМ останува единствената политичка партија која континуирано е на терен, разговара со граѓаните и ги гради своите политики врз основа на нивните реални потреби, а не врз основа на нарачани анкети и медиумски конструкции, се наведува во соопштението од ЗНАМ.

Осврнувајќи се на последните анкети кои беа пласирани во јавноста, Димитриевски нагласи дека граѓаните одамна ја препознаваат разликата меѓу креирање и сондирање на јавното мислење. Тој истакна дека токму затоа ЗНАМ не троши стотици илјади денари за политички маркетинг, туку вложува време таму каде што е најважно, меѓу граѓаните.

Во рамки на караванот под мотото „Европска ЗНАМ, Европска Иднина, Европска Македонија“, раководтсвото на партијата веќе реализираа бројни средби со граѓаните низ повеќе градови, а од септември караванот продолжува со уште посилна динамика.

Реклама

ЗНАМ е единствената политичка партија која во овој период, наместо да води политика од партиските штабови, секојдневно разговара лице в лице со граѓаните, ги слуша нивните проблеми, предлози и очекувања. Тоа е концептот на кој се темели нашето политичко делување и така ќе продолжиме и во иднина.

„ЗНАМ е меѓу граѓаните во рамки на работното лето. Разговараме со нашите членови и со граѓаните. Ние сме единствената партија во моментов која води една таква постапка и сака да ги слушне граѓаните.“

Осврнувајќи се на владината реконструкција, претседателот на ЗНАМ потенцираше дека партијата не изгубила ништо, туку направила стратешка политичка трансформација согласно својата програма.

Во Министерството за правда, ЗНАМ остави резултати кои ќе останат како основа за долгорочни реформи. За неполни две години беа подготвени повеќе од 35 законски решенија, од кои дел веќе се усвоени, а останатите се во владина и собраниска постапка. Истовремено, преземањето на ресорот земјоделство претставува враќање кон едно од клучните програмски определби на ЗНАМ, изградба на самоодржлива Македонија преку поддршка на вистинските земјоделци, домашното производство и развојот на македонското село.

Во однос на нападите од страна на СДСМ дека ЗНАМ наводно „не постои“, Димитриевски испрати јасна порака дека политичката реалност не се менува со партиски желби и прес-конференции.

ЗНАМ за неполни две години изгради сериозна политичка инфраструктура, освои парламентарен статус, формираше пратеничка група, има 45 советници низ општините, учествува во Владата и секојдневно работи со граѓаните.

Тоа се факти кои никој не може да ги избрише. За разлика од оние кои денес се обидуваат преку спинови да го прикријат сопствениот политички пад и загубената доверба кај народот, ЗНАМ не живее од нарачани анкети, туку од довербата што секојдневно ја добива на терен.

На СДСМ би им порачале да престанат да се занимаваат со желби и политички фантазии за исчезнување на ЗНАМ и конечно да се соочат со сопствената реалност. Партијата која изгуби десетици илјади гласачи, која граѓаните ја казнија за погрешните политики и која се уште не успева да ја врати сопствената доверба, нема кредибилитет да зборува за
политичкото постоење на други.

Движењето ЗНАМ не само што постои, туку секој ден расте заедно со граѓаните. Нашата сила не се создава во маркетинг агенции, туку на плоштадите, во населените места, во домовите на луѓето и во непосредниот разговор со секој граѓанин.