Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Димитриевски: Ден исполнет со средби и искрени разговори со граѓаните на Куманово

Кандидатот за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, оствари повеќе значајни средби и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, оствари повеќе значајни средби и активности со цел уште еднаш да ја потврди посветеноста кон сите категории граѓани.

-На средбата со членовите на Здружението на армиски и полициски ветерани од активен и резервен состав во Куманово – ЗАПВАРС, Димитриевски ја истакна нивната мудрост и искуство како темел врз кој се гради посилно и побезбедно Куманово. „Горд сум на нивниот активизам и придонес во заедницата и подготвен сум заедно да продолжиме да создаваме подобра иднина за сите нас“, нагласи тој.

Посебно место во денешните активности, како што информираат од ЗНАМ, имала средбата со младите од Клубот на млади на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, ОО Куманово.

Реклама

-Енергијата и ентузијазмот што ги носат младите се вистински ветар во грб и мотив за мене. Ветувам – ќе обезбедиме можности и услови за младите, затоа што тие се енергијата што го движи овој град напред“, вели Димитриевски.

Во текот на денот, тој се сретнал и со жителите на Умни Дол, Железничка и Ново Село, каде што одблиску ги слушнал нивните предлози и потреби. Денот завршил со мини митинг пред Пожарна, каде Димитриевски уште еднаш ја потенцираше важноста на директната комуникација со граѓаните.

-Секој разговор е инспирација и потврда дека сме на вистинскиот пат. Заедно со мудроста на постарите генерации и свежите идеи на младите, градиме иднина дома – во наше Куманово, порачал Димитриевски.