Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Димитриевски ќе посредува за средби на печалбарите со претставници на УЈП

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски на барање на иницијативниот одбор на граѓаните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски на барање на иницијативниот одбор на граѓаните кои протестираат пред УЈП Куманово за двојно оданочување договорил средба со надлежните од Управата, соопшти Димитриевски на денешната седница на Советот. Претходно, групата кумановци кои протестираа ќе треба да поднесат официјален допис за средба со директорката на институцијата.

Прашањето за оданочувањето на приходи остварени во странство, кое изминатиот период предизвика незадоволство и протести на група граѓани, кои работеа за американски компании во базите во Ирак и Авганистан, Димитриевски го образложи како информација на седницата на Советот.

Градоначалникот информира дека уште од моментот кога се појавил проблемот со даночните решенија, бил контактиран од лица дел од иницијативниот одбор за организирање на протестите. Тие, како што кажа, се меѓу најредовните и најлојалните плаќачи на данок на имот и данок на промет со недвижности во Општина Куманово, луѓе кои со години вложуваат во локалната заедница капитал стекнат со работа во странство.

Реклама

На нивно барање, Димитриевски остварил контакти со претставници на централната власт, вклучително и со директорката на Управата за јавни приходи и со премиерот. На тие средби, покрај граѓани од Куманово, присуствувале и лица од Скопје и Тетово, што, според него, укажува дека проблемот има пошироки, национални размери.

Еден од клучните моменти во објаснувањето на Димитриевски е што самите граѓани, се ставени во позиција самите да обезбедуваат документација за оданочување на приходите во странство, што за дел од нив е речиси невозможно, особено ако компаниите во кои работеле повеќе не постојат. Како решение, од страна на највисоките државни претставници било најавено дека ќе се вклучат и дипломатско-конзуларните претставништва и Министерството за надворешни работи, со цел да се обезбедат официјални податоци од странските држави и компании.

Димитриевски потенцира дека согласно законот, сите граѓани имаат обврска да плаќаат данок на приход, но во ниту еден случај не смее да дојде до двојно оданочување ниту на физички, ниту на правни лица. Тој потсети дека спорниот закон е донесен во 2019 година и дека уште тогаш јавно реагирал и укажувал на можните негативни последици, особено во делот на одливот на девизни приходи од државата. Според него, денес ова прашање добива и политичка димензија, бидејќи токму оние кои учествувале во носењето на законот, сега се меѓу најгласните критичари на неговата примена.

Во меѓувреме, граѓаните продолжуваат со организирање протести, што, како што нагласи Димитриевски е нивно уставно загарантирано право. На средбата што неодамна ја остварил со нив, било отворено и прашањето дали Советот на Општина Куманово треба да расправа по оваа тема. Сепак, точката предложена од опозицијата не доби поддршка од мнозинството. Опозицијата од „Ред за Куманово“, СДСМ и Левица бараа точката да се разгледа, дебатираа дека е прекршена процедурата, но барањето за отворање на оваа точка поднесено од печалбарите, како и од советниците на „Ред за Куманово“, советниците од власта го одбија. Образложението е дека Советот нема надлежност да одлучува по ова прашање и дека тоа е во ингеренција на Управата за јавни приходи (УЈП).

За утре е најавен нов протест пред зградата на УЈП Куманово.