Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Економија

Димитриеска-Кочоска во Загреб: Интеграцијата на регионалните пазари на капитал поголем пристап до извори на финансирање и европски стандарди

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска- Кочоска учествуваше на панел-дискусија на министрите за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска- Кочоска учествуваше на панел-дискусија на министрите за финансии и економија и на претставници на институции од земјите од Централна и Југоисточна Европа во Загреб. Панел-дискусијата на тема „Зајакнување на националните пазари на капитал преку заеднички иницијативи и соработка“ се одржа во рамки на иницијативата на Министерството за финансии на Хрватска за потпишување на Меморандумот за разбирање за соработка за развој на пазарот на капитал помеѓу Хрватска, Бугарија, Унгарија, Македонија, Полска, Романија, Словачка и Словенија.

-Силно верувам дека за две до три години ќе ги видиме бенефитите кои нашиот бизнис сектор и нашите компании ќе ги добијат од овој Меморандум. Доаѓам од приватниот сектор и добро знам колку е тешко за една компанија да ја убеди банката дека нејзината идеја или иновација е доволно сериозна за да успее. Во такви услови, пазарот на капитал е единствениот начин компаниите побрзо да растат и да го реализираат својот потенцијал, рече Димитриеска Кочоска.

Таа потенцираше дека интеграцијата им овозможува на нашите компании, особено на малите и средните претпријатија кои се столбот на економијата, да добијат поголем број инвеститори, различни извори на капитал и нови прекугранични партнерства.

Реклама

-Нашиот домашен пазар е релативно мал и ограничен во ликвидноста. Затоа, преку оваа иницијатива ја отвораме вратата за многу поширок пазар и посилни можности за финансирање. Но, ова не е само прашање на финансии, туку и на доверба и кредибилитет. Со интеграцијата се доближуваме до европските стандарди, ја засилуваме транспарентноста, предвидливоста и довербата кај инвеститорите. Тоа е суштински предуслов за поголеми инвестиции, нагласи министерката.

Министерката потенцираше дека за земја кандидат за членство во Европската унија секој чекор кон усогласување на регулативата и продлабочување на соработката, претставува и чекор поблиску до европската интеграција.

-Еден од нашите главни приоритети е да обезбедиме полесен пристап до финансирање за компаниите, особено за малите и средни претпријатија. Интеграцијата на регионалните пазари на капитал директно придонесува за исполнување на овој приоритет. Најважната задача што е пред нас како влади и законодавци е усогласувањето на регулаторното окружување, рече Димитриеска Кочоска.

Со оваа иницијатива, како што заклучи министерката, регионот испраќа јасна порака за подготвеност за соработка, заеднички развој и создавање на поатрактивен и посилен капитален пазар кој ќе работи во интерес на компаниите и инвеститорите.