Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Димитриеска-Кочоска: Проектираниот раст од 3,7% е реален, отворени можности за префрлање на капацитетите од европските земји во нашата земја

Македонија може да извлече корист од големата неизвесност што е присутна на…

Сподели:

Македонија може да извлече корист од големата неизвесност што е присутна на меѓународните пазари и во глобалната економија, порача од Вашингтон министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска. Таа престојува во Вашингтон, каде што учествува на пролетните средби на ММФ и Светска банка.

Министерката очекува дека проектираниот раст на економијата на земјава од 3,7% е реално сценарио.

„Оваа криза, која носи голема неизвесност, ние како држава можеме многу да ја искористиме – во смисла на префрлање на капацитетите од европските земји. Односно, капацитетите во европските земји ќе се затвораат и понатаму, затоа што царините значат повисоки набавни цени, и на тој начин европскиот пазар ќе бара алтернативи за отворање капацитети онаму каде што ќе имаат, на некој начин, поевтина работна сила. Иако во земјава веќе не е евтина работната сила, сепак е на пониско ниво од европската. Оттука мислам дека проекцијата од 3,7% е реална проекција,“ рече министерката за финансии.

Реклама

Таа потенцира дека она на што Владата е посветена, а што го бара и ММФ, е фискална консолидација, но додаде дека работите не можат да се сменат преку ноќ и дека ќе биде потребно уште време.

Министерката за финансии до 26-ти овој месец ќе учествува на пролетните средби на групацијата на ММФ и Светска банка, каде што ќе оствари средби со високи претставници на овие две меѓународни финансиски институции, како и со претставници на Tрезорот на САД.