Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Прилози

Димитриеска – Кочоска: Македонската економија повеќе не е во стагнација

Невработеноста на историски најниско ниво досега. Стапката на невработеност се намалила за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Невработеноста на историски најниско ниво досега. Стапката на невработеност се намалила за 1.2% за една година, и на крајот на 2024-та изнесувала 11.9%. Според Државниот завод за статистика во Македонија има нешто над 700 илјади вработени и речиси 95 илјади невработени. 12.8% од мажите и 10.7% од жените се невработени.  Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоскае задоволна што се зголемила стапката на вработеност на 46,2% само во последните три месеци од минатата година имало нови 13 илјади вработувања.

„Државниот завод за статистика објави податоци за стапката на невработеност во земјава за четвртиот квартал од 2024 година и која евидентира намалување на ниво од 11,9 отсто што е историски најниско ниво, забележувајќи пад од 0,4 процентни поени во однос на претходниот квартал и 0,7 процентни поени намалување во однос на 2023 година. Истовремено расте вработеноста и изнесува 46,2%“ – рече Гордана Димитриеска Кочоска – министерка за финансии.

Димитриеска Кочоска вели дека еконономијата повеќе не е во стагнација и дека веќе се гледаат првите резултати од работата на Владата. Податоците биле охрабрувачки за краток временски период. Државната статистика измерила и 5% раст на извозот во јануари годинава. индустриското производство пак, во јануари  забележа раст од 1,4 отсто.

Реклама

„Затекнавме економија која беше во стагнација и тоа бараше од нас итни и неодложни мерки на краток рок за да овозможиме економијата да почне да се опоравува и да се фокусираме на политики коишто ќе овозможат засилена економска активност со просечни стапки од 5 отсто на раст, рече министерката за финансии“ – рече Гордана Димитриеска Кочоска – министерка за финансии.

Министерката е горда на влезот на земјава во СЕПА – Единствената област за плаќањa во евра. Според неа, заштедата за граѓаните и фирмите ќе биде голема, бидејќи се олеснува прекуграничниот трансфер на пари. За граѓаните кои работат во странство во некоја од СЕПА земјите и кои праќаат пари во Македонија, провизиите при праќањето двојно ќе се намалат од околу 7 отсто на околу 3 отсто. За министерката тоа е сериозна заштеда ако се има в предвид дека стотици милиони евра се праќаат секоја година. Плаќањата помеѓу компаниите би се оствариле за само еден ден, а во одредени случаи и за само неколку минути. Со ова значително ќе се олесни водењето на бизнис на македонските компании.