Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Економија

Димитриеска-Кочоска: Како држава одлично се справуваме со состојбите, лесно е да се донесат сет мерки, но треба да се внимава да не се подгрее инфлацијата

Многу е лесно да донесете сет мерки, но треба да внимавате да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Многу е лесно да донесете сет мерки, но треба да внимавате да не ја подгреете инфлацијата. Мерките треба да бидат внимателно анализирани. Не случајно тргнавме со намалување на ДДВ-то. Како ќе налагаат потребите, така ќе реагираме – изјави денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на првиот панел одржан во рамките на меѓународната конференција, што во Скопје ја организира Народната банка.

– Треба внимателно да ги следите состојбите и секогаш да гледате колку имате простор во буџетот. Многу е едноставно ако одлучиме денес да направиме буџетски дефицит од 8 проценти како што имавме некогаш, но тоа некој во иднина треба да го плати. Сметам дека една одговорна влада треба да ги таргетира внимателно мерките и да одлучува навремено. Ова е момент кога и светските експерти зборуваат дека треба да се штеди. Треба да штедат и компаниите и домаќинствата, треба да штедат сите затоа што никој не знае колку ќе трае. Она што мене ме измачува е колку време ќе треба да се вратат во првобитната состојба капацитетите што сега се уништени, каде што се произведува нафтата. Можеби војната ќе заврши за една недела од денес, можеби ќе успeат да се договорат, но никој не знае точно каква е состојбата со капацитетите, а бројките покажуваат дека повеќе од 7 проценти од капацитети се уништени и тоа е сериозна бројка, која очигледно ќе има влијание во еден подолг период – истакна Димитриеска-Кочоска.

Појасни дека е одлучено првин да се оди со намалување на ДДВ-тоа гориво затоа што тука биле најповолни можностите и порача дека очекувано е да се зголемат цените, но дека секој треба да биде општeствено одговорен и да даде свој придонес. 

Реклама

– Ова е состојба во која секој треба по малку да учествува и да даде свој придонес затоа што на крајот на денот државата била тука, како и во изминатите години, така и сега, преку разни механизми ги помагала компаниите. Знаете колку пари дадовме на приватниот сектор преку унгарскиот кредит и субвенции преку законот за државна помош. Во вакви критични моменти компаниите треба да реагираат и да помогнат. Засега нема некое позначајно влијание на цените. Во периодот што следува како држава ќе ги следиме состојбите, меѓутоа останува фактот дека, од една страна, имаме ограничување во буџетот, ни претстојат сериозни обврски – имаме обврска за фискална консолидација, стабилни јавни финансии се приоритет. Како држава одлично се справуваме со состојбите – истакна Димитриеска-Кочоска.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: