Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во 55 општини, СДСМ, Вреди и НАИ во 7

Од досега обработени 43,32 отсто од гласовите и податоци од 1 713…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од досега обработени 43,32 отсто од гласовите и податоци од 1 713 избирачки места од вкупно 3 474, според досегашните податоци на ДИК, кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата водат во вкупно 53 општини, Коалицијата ВРЕДИ, СДСМ и Националната алијанса за интеграција во седум општини и Демократската партија на Турците во една општина. 

Кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ водат во Аеродром, Берово, Битола, Босилево, Валандово, Василево, Вевчани, Велес, Виница, Гази Баба, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Дебарца, Делчево, Демир Капија, Демир Хисар, Дојран, Долнени, Зелениково, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Карпош, Кисела Вода, Кичево, Кочани, Кратово, Кривогаштани, Крушево, Маврово и Ростуше, Македонска Каменица, Македонски брод, Могила, Неготино, Новаци, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Прилеп, Пробиштип, Радовиш, Ранковце, Ресен, Росоман, Свети Николе, Сопиште, Старо Нагоричане, Струмица, Чашка, Чучер Сандево, Штип и Шуто Оризари. 

СДСМ и Коалицијата водат во општините Богдацни, Зрновци, Конче, Крива Паланка, Лозово, Центар и Чешиново Облешево. Кандидатите од Коалицијата Вреди според досега обработените податоци водат во општините Боговиње, Брвеница, Дебар, Желино, Теарце, Тетово и Чаир. 

Реклама

Кандидатите на НАИ водат во општините Арачиново, Бутел, Врапчиште, Гостивар, Липково, Пласница и Сарај. Во Струга и Студеничани водат независните кандидати за градоначалници. Кандидатот на Демократската партија на Турците води во Центар Жупа.