Реклама

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонија

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

Од пристигнати 352 барања за упис во регистерот на радиодифузери, печатени медиуми,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од пристигнати 352 барања за упис во регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за изборите за локалните избори за 2025 година, Државната изборна комисија (ДИК) регистрира 33 телевизии, 42 радиостаници, осум печатени медиуми и 246 интернет портали.

-Пристигна 352 барања за упис во регистерот, исто така до ДИК се доставени вкупно 399 ценовници за платено политичко рекламирање. Врз основа на целата обработена документација се запишани 33 телевизии, 42 радиостаници, осум печатни медиуми и 246 интенет портали. Барањата на 22 правни лица, две телевизии, пет радиостаници, еден печатен медиум и 15 интернет портали се отфрлени како неуредни, односно ненавремено доставени, дополнително доставени се два ценовници за упис во регистерот, но на истите правни субјекти нема доставено барање со што се отфрлаат како неуредни, информиира членот на ДИК Светлана Карапетрова на денешната 131 седница.

Дик го изгласа и решението за упис во регистарот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година.

Реклама

Воедно беше изгласано задложението за општинските изборни комисии во врска со случајниот избор на членови на избирачките одбори, со ова се задолжуваат општинските изборни комиси да отпочнат со постапка на избор на претседател, членови и нивни заменици во избирачките одбори. Имено општинските изборни комисии се задолжуваат до 5 септември да го извршат првичниот избор на претседател, заменик претседател, членови и заменик членови во избирачките одбори, односно се задолжуваат да извршат целосно комплетирање на избирачките одбори кои се избираат од редот на вработените во јавната адинистрација. Откако ќе се формираат избирачките одбори потребно е сите во септември да бидат повикани на задолжителни обуки во насока на максимално професионално постапување во спроведувањето на изборите.

ДИК ја изгласа и Предлог-одлука за утврдување на максималниот износ на средства, потребни за изнајмување на простории во приватна сопственост за спроведување на изборите. 

Претстедателот на ДИК Борис Кондарко посочи дека ова се спроведува секоја година бидејќи имало населени места, рурални средини во кои нема јавни објекти.

На седницата беа изгласани и барање за акредитација за набљудување на локалните избори 2025 година, како и известување за отпочнување на спроведување на јавниот увид во избирачкиот список.