Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

ДИК: Гласањето на болните, немоќните и затворениците за градоначалници во четири општини се одвива непречено

Денеска се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, како и на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, како и на лицата кои се на издржување казна затвор или притвор, за повторните избори за градоначалници во општините Гостивар, Маврово и Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа.

-Вкупно 249 болни или немоќни лица можат да го остварат своето право на глас на овие избори. Од нив, 146 лица се пријавени за гласање во Гостивар, 32 болни или немоќни лица имаат право да гласаат во Врапчиште, 69 лица може да гласаат за градоначалник на општина Маврово и Ростуше и две лица може да гласаат за градоначалник на општина Центар Жупа, соопшти Државната изборна комисија.

Со почеток во 7 часот во седум казнено поправни установи, своето право на глас можат да го остварат 94 лица кои се на издржување казна затвор или притвор.

Реклама

– Гласањето започна утринава во 7 часот и досега се одвива непречено, без проблеми, велат од ДИК.