Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

Дигитализацијата и подмладокот предизвици со кои се соочува сметководствената професија

Во земјава има над 5.500 сметководители и еден од предизвиците со кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во земјава има над 5.500 сметководители и еден од предизвиците со кои се соочуваат е дигитализацијата која станува неминовен дел од нивното работење. Од Институтот на сметководители и овластени сметководители, кои денеска ја организираа Третата регионална конференција, велат дека сметководствената професија е една од најзасегнатите професии во делот на дигитализацијата.

Претседателката на ИСОС Весна Прентоска со порака – дигитален бизнис значи дека и сметководството мора да се дигитализира. 

–  Она што денеска сакаме да го испратиме како порака е дека мора да бидеме партнери со дигиталните алатки, да ја примениме дигитализацијата и да ја искористиме најдобро што можеме. Она што за нас е предизвик е да им овозможиме на нашите членови да знаат какви се алатки имаат на располагање и да ја зголемат продуктивноста и како да бидат подобар партнер на стопанствто – рече Прентоска.

Реклама

Според министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, сметководителите имаат клучна улога во процесот на дигитална трансформација, бидејќи токму тие најдобро знаат каде процедурите се сложени, каде се повторуваат податоците и каде дигиталните решенија можат да донесат најголема корист.

–  За бизнисот, дигиталната трансформација значи побрзи постапки, пониски административни трошоци, помалку неизвесност и повеќе време за работа, инвестиции и развој. Бизнисот не треба да биде курир помеѓу институциите. Податоците треба да се движат, а не граѓаните и компаниите, рече Андоновски во обраќањето на Третата регионална конференција на сметководители и овластени сметководители.

Андоновски посочи дека платформата за интероперабилност е еден од клучните механизми преку кои институциите се поврзуваат, нивните системи меѓусебно комуницираат, а податоците што веќе постојат во една институција можат, согласно закон и со соодветна заштита, да се користат од друга институција.

Во тој контекст, информираше дека е забележан раст од околу 120 проценти на трансакциите на оваа платформа, што, според него, покажува дека институциите сè повеќе ги користат дигиталните канали за размена на податоци и дека системот постепено станува реална поддршка за поефикасна администрација.

–  Секое намалување на административниот товар директно ја олеснува работата на сметководителите и на компаниите што тие ги поддржуваат, имајќи предвид дека нивната секојдневна работа е поврзана со рокови, документи, извештаи, финансиски податоци, даночни обврски, регистрациони постапки и комуникација со повеќе институции, рече Андоновски.

Од Институтот за сметководители и овластени сметководители се задоволни што во последните години има интерес на катедрите за сметководство и ревизија што за нив значи добра потенцијална база за подмладок на оваа професија. 

– Почнавме да правиме проекти за да ја зголемиме атрактивноста на професијата пред се кај средните училишта и кај факултетите бидејќи како и секоја професија така и нашата се соочува со недостиг на кадар. Мислам дека резултатите од ангажманот ќе го видиме по пет до шест години, но она што не радува е дека сите факултети кои имаат катедри за сметководство и ревизија имаат зголемен интерес што значи дека имаме добра потенцијална база, вели Прентоска.