Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Џафери иницира онлајн собрание – опозицијата останува на ставот за физичко присуство во парламентот

Ќе се исполни ли желбата на Власта, наместо пратениците да одат во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ќе се исполни ли желбата на Власта, наместо пратениците да одат во собрание на работа, да гласаат и дискутираат од дома онлајн? Спикерот на Собранието Џафери достави предлог за дополнувања на собранискиот Деловник, по скратена постапка. Вели , заради состојбата со Ковид 19, законодавниот дом мора да се приспособи кон новонастанатата состојба.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ваквиот предлог е спротивен на законот, но и на Уставот. Координаторот на пратеничката група на најголемата опозициска партија, Мицевски вели дека зад превезот на пандемијата, власта сака да се гласа онлајн, оти имале тенко мнозинство. Предлогот на Џефери се уште не го разгледале.

Сличен став како ВМРО-ДПМНЕ дели и Алијансата на албанците. Ни тие не го разгледале предлогот, но стојат на ставот дека местото на пратениците е во Собранието. И од таму сметаат дека тенкото мнозинство е причина плус за да се иструка оваа промена на деловникот.

Реклама

Џафери утрово не откри кога неговата иницијатива ќе се најде пред пратениците на гласање, вели ќе чека народните избраници да го разгледаат предлогот, па потоа ќе го стави на дневен ред.

Тој појаснува дека неговиот предлог е во насока на непречено одвивање на  работата во Собранието и се однесува само за пратеници кои поради ковид-19 нема да можат да учествуваат на седниците на Собранието и на комисиите и ќе бидат на домашно лекување или во домашна изолација. Пратениците тоа ќе мора да го докажат со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

За предлогот на Џафери, од СДСМ дадоа поддршка и побараа сите пратеници да изгласаат промена на деловникот за да може собранието да функционира.

Во моментот, според информациите од Собранието, шестмина пратеници не се во можност да учествуваат во работата на парламентот поради Ковид-19.

Meри Ѓорѓиевска