Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Деветти Светиклиментов научен собир: Теологијата и технологиите

На Богословскиот факултет Св. Климент Охридски – Скопје денеска ќе се одржи …

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Богословскиот факултет Св. Климент Охридски – Скопје денеска ќе се одржи  9. Светиклиментов научен собир на тема „Теологијата и технологиите.

– Деветтиот Светиклиментов научен собир ќе ја продолжи практиката на интердисциплинарно вмрежување на современата македонска теологија со другите науки кои се изучуваат на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, како и на другите македонски универзитети и научни установи. Притоа, во центарот на вниманието ќе се постави токму прашањето за допирните точки меѓу теологијата и современите технологии. Пред сѐ, станува збор за односот кон дигитализацијата и вештачката интелигенција – кои може да бидат предмет на различни видови теолошки релевантна рефлексија. Од една страна, следува да се истражат онтолошките, етичките и естетските импликации на предметните текови, а од друга страна, да се испитаат сферите и границите на нивна применливост како во современата научно-истражувачка работа, така и во литургиската и пастирската практика, велат во најавата за собирот од Богословскиот факултет, што ја пренесува литургија.мк. 

По отворање на научниот собир во 10 часот во свечената сала на Богословскиот факултет, на првата од трите планирани сесија ќе бидат опфатени темите: Теологија и технологија = благосостојба, Технолошкото дехуманизирање на животот: последици и духовни решенија, Односот на Црквата кон технолошките иновации, Христијанска педагогија и дигиталниот интерфејс: антрополошки и методолошки предизвици во контекст на развојот на дигиталната култура и трансформацијата на образовните парадигми, Логосот, алгоритмот и новозаветното слово: теолошки и медиумски перспективи за дијалогот меѓу традицијата, технологијата и вештачката „интелигенција“. 

Реклама

Најавените теми за втората сесија  се: Етички импликации на вештачката „интелигенција“ – стварност или антропоморфизам, Каде е вистинскиот избор: аргументите на трансхуманистите и биоконзервативците во однос на новите технологии, Христијанска антропологија и вештачка интелигенција: богословски и антрополошки перспективи и предизвици во современиот технолошки контекст и Одговорноста на теологијата наспроти технологијата, софтвер и човек како логосно битие. 

На последната сесија, пак,  ќе може да се слушнат осврти на темите: Границите на техничките науки: смееме ли да направиме сѐ што можеме да направиме?, Комуникација или симулација – главниот предизвик во дигиталната ера, Типографијата и црковнословенските богослужбени книги во Македонија, Евхаристискиот живот на црквата во време на дигитални технологии и Аскетика или технофилетизам? Егзистенцијалните избори во 21 век. 

– Развојот на нови технологии претставува незаобиколна тема на современите интердисциплинарни истражувања, кои ги обединуваат природните и техничките науки со философијата, лингвистиката, психологијата, етиката, правото итн. Теологијата тука не претставува исклучок, дотолку повеќе што таа со векови наназад претставувала стожер на човечката мисла и точка на пресекување во која се обединувале најразличните сфери на знаењето и уметноста. Централното место во средновековните универзитети – врз кои се темели современото високо образование – ѝ било доделено токму на теологијата, велат од Богословскиот факултет.