Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

ЈП Лајка: Во август заловени 101 куче, 103 стерилизирани/кастрирани, помалку пријави, а повеќе третирани животни

Во текот на август ЈП Лајка заловило 101 куче од територијата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во текот на август ЈП Лајка заловило 101 куче од територијата на Градот Скопје, а 103 биле стерилизирани или кастрирани. Во овој период се вдомени 19 кучиња, а 66 се вратени на локација.
­
-Секој месец, теренските тимови на ЈП Лајка постапуваат по пријави на граѓани и спроведуваат планирани активности низ општините во Скопје. Во општина Аеродром во текот на месецот беа заловени и подложени на предвидениот хуман третман шест кучиња. Постапено е по девет пријави од граѓани. На подрачјето на општина Бутел беа заловени и третирани вкупно 10 кучиња, а и во оваа општина имаше ист број пријави. Во Гази баба беа заловени и подложени на третман на 15 кучиња, а имаше 16 пријави од граѓани, додека во општина Ѓорче Петров беа заловени и третирани 20 кучиња од повеќе локации на територијата на општината. Во оваа општина имаше 14 пријави, информираат од ЈП Лајка.

Во текот на август од подрачјето на Општина Карпош биле заловени и третирани пет кучиња, 15 кучиња од територијата на општина Кисела Вода, додека од различни локации на територијата на Општина Центар биле заловени и третирани вкупно шест кучиња.

Во рамки на теренските активности во Општина Шуто Оризари биле заловени и третирани 10 кучиња, а од територијата на Општина Чаир биле заловени и третирани 14 кучиња.

Реклама

Од Јавното претпријатие потенцираат дека во текот на овој месец имало помалку пријави, а повеќе третирани животни.
­
-Во август, до ЈП Лајка беа пријавени 86 кучиња, додека теренските тимови заловија вкупно 101 куче. Особено значаен е фактот што бројот на пријавени кучиња е помал од бројот на заловени, што овозможува теренските активности да опфатат повеќе кучиња од оние за кои директно е побарана интервенција. Во август, 70 женки беа стерилизирани, а 33 мажјаци кастрирани. Фокусот на поголем број стерилизации е особено значаен бидејќи токму стерилизацијата на женките има најголем долгорочен ефект во спречување на неконтролираното размножување и намалување на бројот на кучиња што во иднина би завршиле на улица, информираат од ЈП Лајка. 
 
Секое заловено куче, појаснуваат, поминува низ ветеринарен преглед и, согласно неговата состојба и програмата на ЈП Лајка, соодветен ветеринарен третман, стерилизација/кастрација, вакцинација против беснило, микрочипирање и идентификација
­
­-Секој месец носи нови активности, соработки, иницијативи и приказни вредни за споделување. Ги издвојуваме најважните моменти и случувања што го одбележаа изминатиот месец во ЈП Лајка. Вдомивме шест застоени кучиња, односно кужиња кои подолго време беа во стационарот. Арон, Џин, Волтер, Чоко, Руди и Даре се кучиња кои години живееа во Лајка. Во првата половина на овој месец конечно секое од нив најде свој дом. Стекнавме нови партнери, велат од ЈП Лајка.
 
­Од претпријатието истакнуваат дека секогаш имаат тековни активности, можности за волонтирање, акции и иницијативи и ги повикуваат гражаните да ги контактираат преку нивните социјални мрежи или електронска пошта.

-Ви благодариме што сте дел од заедницата на ЈП Лајка. Заедно создаваме похумано Скопје – чекор по чекор, куче по куче. 🐾, велат од ЈП Лајка.