Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Митева: Независноста на државата не припаѓа на институциите, ниту на владата сама по себе, туку припаѓа на граѓаните

Од организациски аспект, ова е голем зафат, затоа што многу голема организација…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од организациски аспект, ова е голем зафат, затоа што многу голема организација и многу голем број на луѓе се зад камерите, за се ова да изгледа достоинствено, да изгледа според мене величествено и да може да се направи една ваква силна организација”, изјави Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување на една од националните телевизии.

Митева се осврна на активностите кои траат цел месец за одбележување на 35 години независна Македонија и истакна дека целта на владата била да се направи манифестација која што ќе биде од висок ранг, ќе остави трајни вредности и, како што кажа, ќе остави огромна трага во културната историја на Македонија. 

Митева посочи дека поради безбедноста и добриот проток на очекуваните присутни граѓани на настанот на 8 септември, се направил систем со кој, како што кажа, предвремено ќе може да се анулираат сите недостатоци коишто би се појавиле во текот на денот. 

Реклама

„Навистина, поради безбедност која што мора да биде приоритет на владата, за да не се доведеме до ситуација во која што граѓаните можеби отпосле ќе поставуваат прашања зошто не предвидовте дека ќе има огромни редици пред самиот влез на Градскиот стадион. Одлучивме да се направи еден систем којшто не е за првпат измислен, туку постои при организирање на вакви, би кажала големи настани. Да пробаме да, предвремено, некако ги анулираме сите недостатоци коишто можеби би се појавиле во текот на денот”, рече Митева.

Митева нагласи дека очекува спектакуларен настан, односно кулминација на денот на независноста, а пред неа претходеа сет на настани коишто се одвиваа по повод 35 години независност. 

„Целта на владата уште на самиот почеток не беше да завршиме со една, би кажала протоколарна прослава којашто ќе заврши со положување на свежо цвеќе или некоја централна свечена академија во рамки на институциите. Целта беше навистина да го мобилизираме она чувство на припадност, затоа што независноста не припаѓа на институциите, ниту на владата сама по себе, туку припаѓа на граѓаните”, посочи Митева и додаде: 

„Од таму и тргнавме и ценевме дека колку поблиску ја приближиме прославата до граѓаните преку вакви настани ширум Македонија, толку повеќе ќе може да почувствуваат дека ова е наша заедничка држава, дека заедно прославуваме и дека прославата е близу до граѓаните”.