Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Девето издание на Меѓународнит филмски фестивал ,,Киненова”

Со првиот македонски долгометражен анимиран филм Јон Вардар против Галаксијата ќе биде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со првиот македонски долгометражен анимиран филм Јон Вардар против Галаксијата ќе биде отворено 9 издание на меѓународниот филмски фестивал Киненова. На овогодинешното издание специјален гостин е познатиот австрискиот режисер и продуцент Улрих Зајдл, за многумина контоверзен автор, и веројатно единствениот што направил проекција на неизмонтиран филм. За престојот во Скопје, Зајдл вели дека  ќе го искористи за да се запознае од блиску со македонската кинематографија, но истовремено даде краток опус на неговото творештво.

,,Моите филмски примери, т.е. моите т.н. филмски татковци, кои со својот светоглед и со својата уметничка програматика ми беа патоказ и кои ми ја поттикнуваа креативноста додека учев да станам режисер, ги имам споменато во стотици интервјуа. Создавањето на филмови, вклучително и документарните е процес кој од режисерот бара да има целосна контрола врз развојот на филмот исто како и во останатите филмови со сите контраверзии, експлицитни, морални и етички содржини,, истакна Зајдл.

За време на фестивалот ќе бидат прикажани проекции од домашни и странски автори од Финска, Австрија, Израел, Словенија, Хрватска, Полска и др. Оваа година за прв пат покрај проекцијата на филмови ќе биде одржана и работилница за развој на идеи и сценарија за кратки филмови кои се инспирирани од реални случувања и вистински ликови. Работилницата ќе биде водена од истакнатата сценаристика и драматург Ерин Демирцаки од Грција.

Реклама

Даниел Ѓорѓевски