Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

Детали за запленетите 188 килограми марихуанa, приведени две лица

На граничниот премин Богородица запленети се 188 килограми наркотична дрога марихуана која…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На граничниот премин Богородица запленети се 188 килограми наркотична дрога марихуана која требало да заврши во Турција. Приведени се две лица од Куманово и Тетово.

Во врска со акцијата, директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев и директорот на Царинската управа, Бобан Николовски на граничниот премин дадоа изјави за медиумите, при што истакнаа дека случајот е резултат на зајакнатата соработка и добро координирани акции на полициските и царинските службеници.

„Во заедничка акција која траеше неколку дена покажува дека заеднички можеме во интерес на граѓаните. Криминалното мочуриште што го имаме во државата повеќе нема да го има. Ова не е место за нив. Заеднички координирано со Царинска управа координирано работиме во неколку области. Мора да би да бидеме координирани. Заедно покажуваме дека можеме да работиме силно и успешно за заеднички успеси и превенција на криминалот. Нема место за криминал. Македонија мора да биде на ниво на напредните држави. Системот и законите мора да владеат. Го сузбиваме криминалот и корупцијата на сите нивоа“, истакна директорот Јанев.

Реклама

Како што изјави денеска директорот на Царинската управа Бобан Николовски, двајцата возачи на 8 февруари влегуваат на Блаце со камион и на 9 февруари со истиот камион, едниот од нив од место меѓу Куманово и Паланка оди кон Богородица.

– На Богородица е извршена детална контрола на камионот при што меѓу компресирана рециклирана хартија во четири бали е пронајдена дрогата. Проценетата вредност на дрогата на црниот пазар изнесува 707 илјади евра.

„Царинската управа влезе во траг и спречи меѓународен канал за шверц на дрога. Во заедничка акција со Бирото за јавна безбедност на граничен премин Богородица се запленети 188 килограми и 636 грама наркотична дрога марихуана која требало да заврши во Турција. Две лица се лишени од слобода и против нив до Основното јавно обвинителство Гевгелија е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Овој случај е прв од многуте во иднина каде со заеднички сили ветуваме уште пожестока борба со криминалот“, рече Николовски.