Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Детали за новата акција на МВР, со закани изнудиле 300.000 евра од едно лице

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска (05.08.2025) до Oсновното…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска (05.08.2025) до Oсновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Ш.М. (34) и Ф.М. (37), двајцата од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „изнуда“ по чл.258 ст.3 од Кривичен законик.

-Во временски период од осум години, Ш.М. и Ф.М. од оштетено лице од Куманово, изнудувале пари, при што континуирано му упатувале сериозни закани врз неговиот и животот на неговата фамилија, со што прибавиле противправна имотна корист во вредност од 300.000 евра.

Во наведениот временски период оштетениот од Ш.М. земал 30.000 евра договарајќи се секој 1-ви во месецот да му исплаќа камата од 16%, при што до сега во повеќе наврати преку брз трансфер на пари, но и лично на Ш.М. му исплатил вкупно околу 300.000 евра, информира МВР.

Реклама

На 04.08.2025, врз основа на претходен договор меѓу Ш.М. и оштетениот, тие се сретнале во кафе бар во склоп на бензинска пумпа во Куманово, каде оштетениот му дал на Ш.М. 2000 евра, по што Ш.М. е лишен од слобода, а при извршен преглед на лицето, кај него се пронајдени парите.

Врз основа на издадена наредба од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес во куќа каде престојуваат Ш.М. и Ф.М., при што е пронајдена документација поврзана со кривичното дело.