Реклама

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Свет

Десетици мртви и повредени во терористички напад во Москва

Десетици мртви и повредени е епилогот од масовното пукање, односно терористичкиот напад…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Десетици мртви и повредени е епилогот од масовното пукање, односно терористичкиот напад кој што вечерва се случи во преполна концертна сала во трговски комплекс во Москва, главниот град на Русија. Руските медиуми јавуваат за терористички напад кој го извршиле најмалку три лица во маскирни униформи кои со автоматско оружје стрелале врз присутните цивили. Веќе се објавуваат и видео снимки од моментот на нападот во концертната сала која била дел од поголем трговски комплекс. Се јавува за експлозии но и за пожар во дел од овој објект. Снимките кои се споделуваат по социјалните мрежи се вознемирувачки….Засега нема официјални информации за тоа кој стои зад нападите. Бројката на загинати и повредени за која јавуваат медиумите е различна и засега нема официјална потврда за неа. Засега се огласи само градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин потврди дека денеска се случила страшна трагедија во која повеќе од 40 луѓе ги загубиле животите, а повеќе се повредени. „Сочувствувам со роднините на загинатите“, рече тој и нагласи дека на ранетите ќе им биде укажана сета потребна помош.