Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

„Денови на Вардар 2025“: Водата е стратешки ресурс, институциите најавуваат нов модел на управување

Водата е ресурс од највисок стратешки интерес за државата и нејзиното одржливо…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Водата е ресурс од највисок стратешки интерес за државата и нејзиното одржливо управување е клучно за економијата, земјоделството и здравјето на граѓаните, порачаа претставници на институциите на денешниот настан „Денови на Вардар 2025“, организиран од „Програмата за управување, користење и заштита на подземните води во Македонија“.

Заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска истакна дека Владата ја започнала програмата со поддршка на Швајцарија за да воспостави нов модел на управување со водите, кој ќе обезбеди одржливост на ресурсот и заштита на јавниот интерес.

-Водата е наш највреден природен капитал и како држава мора да постапуваме кон неа со визија, дисциплина и долгорочни цели. Со поддршка на Владата на Швајцарија ја започнавме програмата за управување, користење и заштита на подземните води, не за да создадеме уште еден документ, туку за да воспоставиме нов модел на управување кој ќе обезбеди одржливост на ресурсот и заштита на јавниот интерес, нагласи Лашкоска.

Реклама

Таа посочи дека до 2027 година, кога завршува првата фаза од програмата, ќе биде поставена основата за структурни резултати и систем што ќе генерира мерливи промени.

-Првпат клучните институции во секторот на води работат заедно, координирано и со заедничка визија, формализирана преку Меморандум потпишан помеѓу ресорните министерства и партнерите, додаде Лашкоска.

Новите климатски промени, според заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Албрим Хоџа наложуваат подобро управување со ресурсите. Тој посочи дека точните и ажурирани податоци за состојбата на водите се основата за долгорочно планирање.

-До 2027 година треба да формираме детален план за протокот на водите во Вардарскиот базен, што ќе обезбеди одржливи капацитети за земјоделството и руралните региони, нагласи Хоџа.

Директорот на Управата за животна средина Игор Никоски нагласи дека Планот за управување со сливот на Вардар ќе опфати 80 проценти од водните ресурси и ќе го дефинира новиот плански период 2028–2033 година.

-Овој план не е само збир на анализи, туку интегриран механизам за донесување одлуки, приоритизација на мерки и обезбедување одржливост, со силен акцент на транспарентност и вклучување на јавноста, истакна Никоски.

Според советникот за животна средина во кабинетот на Премиерот, Даме Димитровски, состојбата со животната средина не е на завидно ниво и дека климатските промени носат ризици од поплави и загуба на животи.

-Секоја капка вода што ќе ја сочуваме или направиме чиста значи подобро управување со ресурсите. Ги повикувам да се вклучат и стопанството, индустријата и граѓаните, затоа што оваа програма е за сите нас, рече Димитровски.

Амбасадорот на Швајцарија, Кристоф Зомер, истакна дека неговата земја со години инвестира во подобрување на пристапот до вода за пиење и дека новата програма, со буџет од 4,6 милиони швајцарски франци за првата фаза, ќе го олесни партиципативниот дијалог и ќе промовира интегрирано управување со водите.

-Вардарскиот слив опфаќа околу 80 проценти од водните тела во земјата. Интегрираното управување, правните реформи и пилот-активностите ќе го поплочат патот кон првиот национален план за управување со речниот слив, нагласи Зомер.

Раководителот на секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ, Штефан Худолин, потсети дека земјата се соочува со големи предизвици во управувањето со водите, вклучувајќи загадување на реките, недостиг на ажурирани планови и неусогласено законодавство.

-ЕУ додели околу 240 милиони евра преку ИПА и инструментите за Западен Балкан за реформи и инвестиции во секторот за води, но многу проекти не се реализирани поради недоволни капацитети. Потребно е силно лидерство, сериозни реформи и инвестиции во инфраструктура, особено за пречистителната станица и колекторот за отпадни води во Скопје, нагласи Худолин.

Настанот „Денови на Вардар 2025“ претставува платформа за заедничка работа на институциите, експертите и меѓународните партнери за зачувување на водните ресурси и справување со климатските предизвици.