Реклама

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Македонија

„Денот на спортот“ во Струмица во рамки на Плазма Спортските игри за млади

Струмица денеска ќе биде петтиот град во кој ќе се одржи „Денот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Струмица денеска ќе биде петтиот град во кој ќе се одржи „Денот на спортот“ во рамки на Плазма Спортските игри за млади. Овој голем спортски настан за првпат оваа година се одржува во Македонија, а претставува една од најголемите аматерски спортски платформи во Европа, со традиција подолга од 30 години.

На отворањето на Спортските игри за млади ќе присуствуваат претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска, која е носител на овој голем проект, кој е поддржан од Владата на Македонија, градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец, Владо Илиевски, како и други спортски имиња.

Игрите опфаќаат натпревари во 10 атрактивни спортски дисциплини: Coca-Cola Cup – турнир во мал фудбал, пинг-понг, тенис, народна топка и атлетика во рамките на „Денот на спортот“, како и баскет 3×3, ракомет, шах, одбојка и одбојка на песок.

Реклама

Главната цел на Спортските игри за млади е бесплатен спорт за секое дете, како и поттикнување на здрав, активен и динамичен животен стил, промоција на инклузијата, развој на здрави навики, негување на фер-плејот, создавање искрени пријателства и градење на вистински вредности.

-Струмица е спортски град, тука се родени македонските величини од поновата историја како Горан Пандев и Владо Илиевски. По успешните настани во Скопје, Куманово, Штип и со денешниот спектакл во Кочани, спортскиот караван пристигнува во Струмица. Струмица, се гледаме утре – да создадеме нови спортски приказни! Игрите се закон! – се посочува во најавата од организаторите на настанот.