Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Свет

Денеска во Лондон ќе се одржи нова рунда преговори за примирје меѓу Русија и Украина

Дипломати од Велика Британија, Франција, Германија, Украина и САД денеска во Лондон…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дипломати од Велика Британија, Франција, Германија, Украина и САД денеска во Лондон ќе одржат нова рунда разговори со цел постигнување прекин на огнот во тригодишната војна меѓу Украина и Русија. На преговорите во Лондон се очекуваше да присуствуваат специјалниот пратеник на американскиот претседател, Стив Виткоф, и државниот секретар Марко Рубио, но тие се повлекоа. Наместо нив, беше испратен американскиот претставник за Украина, Кит Келог, јавува Би-Би-Си.

Рубио синоќа во разговор со британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Лами, изјави дека се надева на суштински добри технички состаноци. Белата куќа објави дека Виткоф оваа недела ќе отпатува за Москва на четвртата средба со рускиот претседател Владимир Путин. Овие преговори доаѓаат по извештајот на британскиот „Фајненшл Тајмс“, според кој Русија би можела да биде подготвена да ја запре војната долж сегашните линии на фронтот и да се откаже од некои територијални амбиции во замена за американското признавање на рускиот суверенитет над Крим, пренесува Танјуг.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека не му биле дадени такви предлози и дека ја отфрлил можноста Крим да се признае како руска територија.