Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Денес се одбележува вториот ден од Велигден

Денеска е 8 -ми Април според календарот на МПЦ (Јулијански календар). Откако…

Сподели:

Денеска е 8 -ми Април според календарот на МПЦ (Јулијански календар).

Откако слугите на првосвештениците го фатија Исус и Го предадоа на Пилат, со барање да биде распнат, Пилат, иако не најде вина во Него, пресуди да Му угоди на народот. Господ пострада, висејќи на Крстот меѓу двајца разбојници. Еден од нив Го хули, а другиот Го прослави, спасувајќи се и добивајќи живот вечен. Во таа страшна ситуација, учениците на Исус се разбегаа, како што им беше предречено, освен апостолот Јован и мајка Му, Марија, кои останаа под Крстот. Неколку жени, кои му служеа на Исус во последните години со свои имоти, стоеја подалеку.

Евангелието го описува последниот момент на Исусовото страдање и смрт. По Неговата смрт, Јосиф од Ариматеја, кој бил негов ученик, побара од Пилат телото за да го погребе. Телото беше положено во нов гроб, скриен во карпа, и влезот беше затворен со камен. Најверните следбеници дознаа за воскресението во раните утрински часови на неделата, кога жените појдоа со мирисни масла за да Го помазаат, но го не го најдоа телото.

Реклама

Првата која ја прими веста беше Марија Магдалина, која побрза да им јави на апостолите. Потоа Петар и Јован побрзаа до гробот и го најдоа каменот одвален и празниот гроб, каде што останаа само повоите. Потоа, Исус им се јави и тие го препознаа воскреснат. Со тоа, Исус им ги отвори умот за да ги разберат Писмата и да веруваат во Неговиот појавен живот. Исус се јави и на Лука и Клеопа додека патуваа кон Емаус, но тие не Го препознаа веднаш. Во нив срцата гореа од радост.

Тропар: „Христос воскресна од мртвите, со смртта смртта ја победи, и на оние во гробовите живот им подари.“

Кондак: „Кога си слегол во гробот, Бесмртен, си ја разурал адската сила, и си воскреснал како победител, Христе Боже, Кој на жените мироносици им благовести: Радувајте се! Кој им даруваш мир на Твоите апостоли, а на паднатите им даваш Воскресение.“