Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Македонија

Демократски сојуз: Софија се плаши од успехот на адвокатот Менкиноски во Стразбур

Демократскиот сојуз го осудува потегот на властите во Софија да му изречат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Демократскиот сојуз го осудува потегот на властите во Софија да му изречат забрана за влегување во државата во траење од 10 години на адвокатот Тони Менкиноски,  правен застапник на здруженијата на Македонците од Бугарија пред Судот за човекови права во Стразбур, се наведува во соопштението од Демократскиот сојуз.

Ова е чин без преседан во земја членка на Европската унија која му забранува право на движење и професионален ангажман на еден адвокат во земја членка на ЕУ само поради фактот што застапува граѓани кои се борат за своите малцински права.

Бугарија со оваа постапка пред цела Европа дрско и безобразно демонстрира дека не само што не ги признава Македонците како малцинство, туку ја попречува и нивната битка за регистрација на здруженијата што ја водат пред судот за човекови права во Стразбур, кој досега изрече 14 пресуди во нивна полза.

Реклама

Очигледно е дека официјална Софија, која со години ја игнорира правдата од Стразбур, почнува да покажува нервоза и на бескрупулозен начин се пресметува со оние кои успеваат да го докажат нејзиното антицивилизациско поведение на негирање на Македонците.

Демократскиот сојуз очекува реакција од европските и меѓународните организации за човекови права за овој чин, а истовремено ги повикува македонските власти да реагираат со протестна нота до Софија.