Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Делегација на Собранието учествуваше на Рос-Рот семинар во Ереван

Делегацијата на Собранието на Македонија во Парламентарното собрание на НАТО, во состав…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегацијата на Собранието на Македонија во Парламентарното собрание на НАТО, во состав Драган Ковачки, шеф на Делегацијата и Беким Сали, член, учествуваше на 108. Рос-Рот семинар, што се одржа вчера и денеска во Ереван, Република Ерменија.

Семинарот беше организиран од ПС НАТО и Ерменскиот парламент, со финансиска поддршка на Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор (DCAF) и Владата на Швајцарија.

На семинарот, како што соопшти собраниската прес-служба, учествуваа голем број парламентарци од земјите членки на ПС НАТО и придружните членки, како и од земјите партнери, високи функционери и претставници на меѓународни организации, невладиниот сектор, универзитетите, владите и претставниците на јавното мислење.

Реклама

Семинарот го отворија Маркос Перестрело Де Васконселос, претседател на ПС на НАТО, Андраник Кочарјан, шеф на Ерменската делегација во ПС на НАТО, Сурен Папикјан, министер за одбрана на Република Ерменија и Андреа Бауман, амбасадор на Швајцарија во Република Ерменија. Како главни воведничари беа Рубен Рубинјан, потпретседател на Парламентот на Република Ерменија и Бурчу Сан, заменик на помошникот на генералниот секретар на НАТО за оперативни активности.

-Своите излагања тие ги посветија на актуелните прашања за безбедноста и одбраната од страна на земјата домаќин, заедничките демократски вредности во областа на Јужен Кавказ, како и меѓународниот поредок во овој поглед. Се презентираа моменталните одбранбени капацитети на Ерменија во контекст на обезбедување на безбедноста на граѓаните и нивниот имот, како и преглед на потенцијалните ризици и закани во контекст на безбедносните предизвици кои се од интерес на НАТО, се наведува во соопштението.

Парламентарците, како што стои во соопштението, имале уникатна можност да разменат мислења и да имаат дискусија за прашања што се однесуваат на „Мировниот договор меѓу Ерменија и Азербејџан: патот напред и преостанатите предизвици; Геополитичката конкуренција и внатрешните предизвици во областа на Јужен Кавказ”; „Ерменија и Јужен Кавказ во светот што се менува: Зајакнување на демократијата и регионалната безбедност“, „Геополитичка конкуренција и внатрешни предизвици во Јужен Кавказ“, „Партнерството на Ерменија со НАТО и Европската Унија“, „Зајакнување на демократската отпорност во Ерменија и пошироко“, „Безбедност и хибридни закани во Ерменија и регионот“, „Економски предизвици и соработка во областа на Јужен Кавказ“ и „Зајакнување на демократското управување со безбедносниот сектор во рамките на партнерските области: предизвици, пристапи и лекции“.

Учесниците дискутирале и по прашањата за споделените демократски вредности, меѓународниот поредок базиран на правила и мерките за зајакнување на парламентарните демократии, регионалниот развој и динамика, како и прашањето за политичката ситуација во Грузија и перспективите за решение на моменталната ситуација меѓу Ерменија и Азербејџан.