Реклама
Македонија

Делегација на Собранието на Втората меѓупарламентарна конференција за борба против организираниот криминал во Рим

Делегација на Собранието на Македонија во состав: Моника Зајкова, шеф на Делегацијата,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегација на Собранието на Македонија во состав: Моника Зајкова, шеф на Делегацијата, Мимоза Муса, член како и Ели Панова, заменик член учествуваа на Втората меѓупарламентарна конференција за борба против организираниот криминал во регионот на ОБСЕ која се одржа на 14 и 15 мај 2026 година во Рим. Конференцијата се одржа на иницијатива на потпретседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ и специјален претставник за борба против организираниот криминал, Еугенио Зофили (Италија), се наведува во соопштението од собраниската прес-служба.

На настанот учестуваа над 150 пратеници и експерти од повеќе од 40 земји-учеснички во ОБСЕ на темата „#СТОПЗАДРОГИТЕ# Заедничка борба против трговијата со дрога за одбрана на безбедноста, здравјето и владеењето на правото“.

Настанот го отвори претседателот на Домот на пратениците на Италија Лоренцо Фонтана, а воведни зборови имаа претседателот на ПС на ОБСЕ, Пере Жоан Понс (Шпанија), потпретседателот Еуџенио Зофили, државниот потсекретар во Министерството за внатрешни работи, Никола Молтени како и генералниот секретар на ПС на ОБСЕ Роберто Монтела.

Реклама

Моника Зајкова, шеф на Делегацијата во својата интервенција истакна дека светот се справува со закана што тивко се движи преку границите и остава катастрофални последици во секое општество. Тоа претставува не е само криза на јавното здравје, туку е и безбедносен предизвик, прашање на кривична правда и човечка трагедија што бара координирана меѓународна акција. Таа постави прашање какo организираниот криминал ги адаптира своите мрежи преку дигитални платформи и крипто плаќањата? Дали може преку едукација и превенција во училиштата да се редуцира стапката на зависност кај младите како и кои се најголемите слабости и недостатоци во меѓународната соработка при следење на трговијата со синтетички опиоиди?

Потпретседателот Зофили ја нагласи потребата да им се помогне на младите луѓе за да избегаат од зависноста од дрога, што често води кон очај и трагедија. Тој укажа дека трговијата со дрога не е само сериозен проблем со јавниот ред, туку е закана за стабилноста на демократиите и безбедноста на граѓаните. Мафиите напредуваат од трговијата со недозволени супстанции. Секоја дрога е стока и извор на профит за организираниот криминал и борбата против дрогата значи борба против мафијата.

Претседателот Понс го пофали искуството и лидерството на Италија во борбата против криминалните организации кои се стремат да акумулираат богатство и моќ на сметка на граѓаните и државите, истакнувајќи дека новиот геополитички пејзаж бара координирани парламентарни пристапи кон тероризмот, трговијата со дрога и организираниот криминал. Тој укажа дека треба да се разбере каде се движат организираниот криминал и трговијата со дрога во хиперповрзан свет со голема мобилност.